Во чест на Исидора Бјелица – три одлични книги на авторката со непокорлив дух и борбено срце

„Не сакав да ве заморувам, мислев дека можам сама. Меѓутоа, ова се толку страшни физички и психички маки, што ќе ве замолам да го молите драгиот Христос да прости и веќе да заврши оваа агонија“. Овој трогателен статус го напиша Исидора Бјелица неодамна на својот Фејсбук профил.

Vo-chest-na-Isidora-Bjelica-01.jpg

Познатата српска писателка почина на 52-годишна возраст. Бјелица со години се бореше со ракот, за што и пишуваше во нејзините книги и честопати говореше во јавноста без никаква стигма или страв.

Таа е автор на повеќе од 40 книги од неколку жанрови, наменети за различни генерации. Дел од нејзините книги ја обработуваат токму борбата со болеста.

Бјелица ќе остане запаметена по нејзиниот ведар, непокорен дух, борбеното срце, нејзината насмевка, ексцентричниот стил на облекување и нејзините необични шапки и модни додатоци.

Несомнено ќе ни недостига многу во секој поглед. Во нејзина чест, препорачуваме 3 одлични книги од нејзиното перо:

Роман за прељубата

Роман за прељубата е несомнено најпотресниот и најискрен роман на Исидора Бјелица. Преку приказната за три сестри – двете се изневерени, а едната е љубовница на оженет маж – Бјелица се фаќа во костец со една од најболните и најпремолчувани животни теми – прељубата.

Низ вистински приказни, телефонски пораки, како и шокантни податоци за користењето на црната магија и езотеријата во борбата за освојување на мажите, Исидора разоткрива еден необичен свет на прељубници и изневерени жени за кој главно се молчи…

Vo-chest-na-Isidora-Bjelica (2).jpg

Спас

Запис на душата во најтешките животни моменти, до суровост искрено искажување на чувствата и мислите од моментот кога дознава дека боледува од неизлечивата болест.

Таа е литературен холограм на нејзината душа и на талкањето на телото со најтешката дијагноза, кои потрагата по спас ги води преку Париз, Флорида, Индија, Шри Ланка, па до чудесниот остров Егина, домот на свети Нектариј, православен светец и исцелител.

Спас е ултимативна книга за спасување на телото и душата која не може да се спореди со ниту една друга книга по искреноста и емоциите, но и по многубројните тајни и рецепти што ни ги открива.

Vo-chest-na-Isidora-Bjelica (1).jpg

Помагајте, пријателки!

Шокантните откритија на Јована Хисмајер и на Исидора Бјелица одат чекор понатаму од „моќта на позитивното мислење“ кое се темели на тезата дека самите сме си криви за сите несреќи и болести кои ни се случуваат, односно, дека тие имаат свое потекло во негативните мисли.

Двете пријателки, кои поминале низ стотици различни терапевтски техники, заедно доаѓаат до најефикасната техника која ја испробаа на самите себе.

Револуционерноста на дуалната терапија се огледува во тоа што не учи како скршеното, навидум грдото, лошото, трауматичното да го претвориме во убаво и во извор на спознание и на добрина.

Vo-chest-na-Isidora-Bjelica (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
Три книги за моќни жени што ќе ви го задржат вниманието до последната страница Жените кои се бореле против себе, против општеството, кои биле потиснувани, а по...
2 книги од психологот Габор Мате што ќе ве натераат да се преиспитате себеси „Кога самите не сме способни да му кажеме ‘не’ на стресот, телото зборува место ...
Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 предлог книги од Милан Кундера, што секој интелектуалец треба да ги прочита „Шега“ е првиот роман на Кундера инспириран од случувањата во неговиот приватен ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg