Што да понесете на плажа за читање? – Љубовни романчиња што ќе ви го пуштат мозокот „на пасење“

Понекогаш навистина не ни се читаат длабоки и сериозни книги. Потребни ни се лесни ведри содржини со чија помош ќе го пуштиме мозокот на пасење и дополнително ќе се опуштиме и релаксираме.

Ljubovni-romancinja-za-mozok-na-pasenje-01.jpg

Плажата е совршено место за ваков тип на одмор, а доколку сте од оние кои не тргнуваат без своите „романчиња“, препорачуваме три одлични наслови:

Летото смени сè – Сара Морган

Темпераментната Французинка Елиз има опасно лош ден. Не само што ѝ пропаѓаат плановите за отворањето на нејзиното сакано бистро, туку, згора на тоа, и Шон О’Нил е вратен во градот. Тие двајца минатото лето поминале една незаборавна ноќ заедно…

…и спомените сега навистина ѝ отежнуваат на Елиз да се држи до нејзиното строго правило: „не повеќе од една вечер со маж“! Нејзината глава знае дека Шон ќе замине кога-тогаш, па не ѝ преостанува ништо друго, освен да пробува да го игнорира своето срце пред да експлодира од копнеж по него.

Ljubovni-romancinja-za-mozok-na-pasenje (1).jpg

Почеток од соништата – Џенифер Пробст

Итан Бишоп веќе не е истата личност како што беше некогаш. Како поранешен падобранец на Специјалните сили, има видено прилично голем број судири, а раните што му сведочат за тоа не се само оние по телото, туку и оние што ги носи длабоко во душата.

На фармата на својата сестра, сè што му треба е спокој. Но, како да се остане спокоен кога во животот ќе влезе една страсна жена?!

Работата – а не уживањето – на истата фарма ја доведува агентката за односи со јавност, Миа Труш. Строго деловна и темпераментна, Миа веднаш влегува во судир со мрачниот Итан. Нејзе буквално сè ѝ е иритантно кај него – од силните мускули и продорните сини очи, до мирисот на пот и мошус…

Ljubovni-romancinja-za-mozok-na-pasenje (3).jpg

И јас ја сакам – Мари Форс

Хантер, најстариот од десетте браќа и сестри Абот, се гордее со својата способност да ги решава туѓите проблеми, но што ќе направи кога „несреќата“ ќе тропне и на неговата врата?

Хантер Абот, финансиски магнат од прекрасниот Вермонт, самоуверено се грижи за деловните интереси на семејната фирма, и со еднаква леснотија ги држи невидливите узди на семејната слога.

Сепак, постои нешто што ни семоќниот Хантер не може да го заузда: своите чувства кон непредвидливата и тврдоглава Меган Кејн. Затоа ѝ се препушта на страста, готов да ѝ покаже на сите начини дека токму тој е вистинскиот човек за неа.

Но, Меган, губејќи ги на еден или на друг начин сите што ги сакала, цврсто си ветила самата дека љубовта никогаш повеќе нема да ја измами…

Ljubovni-romancinja-za-mozok-na-pasenje (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи што ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или е силувана дод...
Три книги кои ќе ви го стоплат срцето, совршени за празничните денови Новогодишните и божиќните празници носат многу топлина и убави чувства, па такви...
Три одлични трилери од Далибор Трајковски што се читаат во еден здив Воден од сопственото искуство, дополнето со неговата фантазија, кавадарчанецот Д...
5 трилери од Крис Картер за детективот Роберт Хантер - романи кои нема да сакате да ги оставите Роберт Хантер е главниот лик во скоро сите книги на авторот Крис Картер. То...
„101 порака за убав ден“ – нова книга на Елизабета Арсиќ Во средата на 1-ви октомври 2025 година, во градското кафуле се случи промоција ...

Најчитани неделава