Дали би се вратиле назад во времето? – 3 нови, возбудливи книги кои ќе ве остават без сон

Замислете да имате моќ да се вратите назад во времето. Дали би ги поправиле своите грешки? Кој момент би го одбрале за враќање? Но, најважното е тоа што – моментот трае само толку колку што му е потребно на едно кафе да се излади.

Tri-novi-vozbudlivi-knigi-niz-vremeto-01.jpg

Секоја од овие три, нови книги има на некој начин моќ да ве врати назад во времето. И да ви докаже дека не постои подобро поминато време од она во читање на книги:

Пред да се излади кафето – Тошиказу Кавагучи

Во мала, споредна уличка во Токио, има едно кафуле кое повеќе од сто години служи внимателно избрано кафе.

Но според локалната легенда, ова кафуле нуди и нешто друго освен вкусно кафе — можност за патување во времето.

Во текот на едно лето, четворица муштерии го посетуваат кафулето со надеж дека ќе тргнат на такво патување. Но патувањето низ времето не е толку едноставно, постојат правила што мора да се почитуваат.

Најважното е дека тоа патување може да трае само толку колку што му е потребно на кафето да се излади.

Tri-novi-vozbudlivi-knigi-niz-vremeto (2).jpg

Жената со сина ѕвезда – Пам Џеноф

1942 година. Сејди Голт има 18 години и живее со своите родители среде хоророт во гето во Краков за време на Втората светска војна.

Кога нацистите влегуваат во гетото, Сејди и нејзината трудна мајка се принудени да побегнат во опасната канализација под земјата на градот.

Еден ден, Сејди погледнува нагоре низ една од шахтите и здогледува девојка на нејзина возраст како купува цвеќиња.

Ела Штепанек е девојка од богато полско семејство, која живее релативно мирен живот со својата маќеа, која пак е прилично блиска со окупаторите Германци.

Отфрлена од своите пријатели и тажна по својот свршеник кој е заминат во војна, Ела неуморно талка низ Краков.

Додека пазари, забележува како нешто се движи под една шахта на улицата. Кога погледнува малку подобро, сфаќа дека тоа е девојка која се крие долу.

Tri-novi-vozbudlivi-knigi-niz-vremeto (3).jpg

Во лавовска кожа – Мајкл Ондачи

„Во лавовска кожа“ е љубовна приказна и неодолива мистерија што се одигрува во возбудливиот, турбулентен свет на Канада во дваесеттите и во триесеттите години на XX век.

Мајкл Ондачи ги испреплетува авантурата, романсата и историјата, вистинска и измислена, вовлекувајќи нè во животите на мигрантите Македонци, Срби, Финци и Италијанци, кои работат на изградбата на Торонто, и во цела галерија други ликови: политички моќници, анархисти, градители на мостови, исчезнат милионер и неговата љубовница, спасена калуѓерка и шармантен крадец.

Tri-novi-vozbudlivi-knigi-niz-vremeto (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
Три книги за моќни жени што ќе ви го задржат вниманието до последната страница Жените кои се бореле против себе, против општеството, кои биле потиснувани, а по...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 возбудливи романи, идеални за на плажа ова лето Ви предлагаме 3 одлични книги што целосно ќе ве вовлечат во сопствениот свет и ќ...
2 книги од психологот Габор Мате што ќе ве натераат да се преиспитате себеси „Кога самите не сме способни да му кажеме ‘не’ на стресот, телото зборува место ...
Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg