Злокобни, морничави трилери кои оставаат горчлив вкус во устата

Некои книги имаат моќ да создадат многу помоќен „филм“ во умот за разлика од оние на филмското платно или ТВ екраните.

Zlokobni-mornichavi-trileri-01.jpg

Доколку сте од читателите со живописна имагинација кои сакаат да анализираат и дозволувате да води дејствието на книгата заборавајќи да се напиете дури и чаша вода, имаме 3 одлични предлози за вас.

Морничави трилери кои ќе остават долготраен спомен и по малку горчлив вкус во устата:

Куклената претстава – М.В. Крејвен

Сериски убиец ги пали своите жртви на познатите праисториски камени кругови во Лејк Дистрикт. Тој не остава никакви траги и полицајците се беспомошни. 

Кога на јагленосаните остатоци од третата жртва го наоѓаат врежано неговото име, му ја прекинуваат суспензијата на посрамотениот детектив Вашингтон По и го вклучуваат во истрагата од која тој дефинитивно не сака да биде дел.

Како партнерка ја добива генијалната, но социјално неприспособена аналитичарка Тили Бредшо и заедно пронаоѓаат трага која е оставена за да ја види само тој. Загадочниот убиец има план и од некоја причина По е дел од него.

Zlokobni-mornichavi-trileri (1).png

Мртва трка – Бенедек Тот

Мртва трка е сурова егзистенцијална приказна за безнадежноста во еден провинциски град кој може да се наоѓа каде било во светот.

Со својот разговорен јазик, неа ја раскажуваат неколку тинејџери чии денови минуваат меѓу училиштето, тренинзите во базенот и решеноста да ги пробаат сите забранети овошја на животот, дури и по цена на сопствениот живот.

Од една страна, имаат сè што сакаат – дрога, секс, брзи автомобили, видеоигри. Но од друга страна, немаат ништо: нивната иднина е лишена од можност за интимност или радост.

Нивните насилни импулси се исто толку бесмислени колку што се сурови и одбивни. Како во бунило, оставаат да бидат носени од настаните сè додека главниот меѓу нив, богатиот Патка, не го убие плашливиот Золика.

И тогаш почнува да се крева маглата од нивните глави и да се наѕира вистината. А таа е навистина страшна…

Zlokobni-mornichavi-trileri (1).jpg

Гробна тишина – Арналдур Индридасон

Истрагата на исландската полиција започнува кога на дамнешните ненаселени ридови на периферијата на Рејкјавик е пронајден човечки скелет, стар неколку децении.

Разгледувајќи го овој одамна застарен случај, детективот Ерлендур и неговиот тим откриваат дека ридовите околу главниот град кријат неколку трагични приказни кои се случиле во дамнешното минато: за насилство, изгубена љубов и чест, криминал…

На овој начин, во романот се мешаат неколку жанрови, кои само дополнително ја зголемуваат тензијата среде мрачната атмосфера на исландското осамено секојдневие.

Zlokobni-mornichavi-trileri (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

За секого по нешто: 3 книги што треба да ги имате на полицата Издвојуваме по една книга за секого: За безнадежните романтичари што сакаат да ч...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
Која книга треба да ја прочитате следна, според хороскопскиот знак? Дали се двоумите која книга да почнете да ја читате во следниот период? Ако да, ...
3 нови романи со моќни хероини, кои нема да ви дадат мир до последна страница Што се случило со убавата маѓепсничка Кирка откако Одисеј го напуштил нејзиниот ...
3 книги идеални за почетокот на есента, кои ќе ве расположат Иако се неповрзани тематски една со друга, единствената заедничка работа на овие...
3 романтични книги што треба да ги понесете на плажа со себе Некој сака опуштени љубовни приказни, други сакаат мрачни херои, а трети пак, се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg