За сериозни читатели со истенчен вкус – 3 книги кои ќе ве задлабочат во размислувањето

Некои книги носат поголема тежина од другите, па остануваат подолготрајно во меморијата и сами по себе си носат длабоки дискусии и заклучоци.

Za-seriozni-chitateli-so-istencen-vkus-01.jpg

Љубители сме на ваквите книги кои се скалила погоре од „обичните романчиња“, бидејќи добро е одвреме-навреме да се прочита нешто подлабоко и посериозно. За вас ги одбравме следните три наслови:

Најдобри намери – Ингмар Бергман

„Најдобри намери“ е семејна сага и прекрасна љубовна приказна напишана од еден од најголемите режисери на XX век. Инспириран од реални настани, ова е хибриден роман што спојува нарација, сценарио и мемоари, а ја раскажува приказната за првите брачни години на родителите на Бергман.

Во „Најдобри намери“ Ингмар Бергман го покажува својот врвен книжевен талент, плетејќи сложена приказна што функционира на повеќе нивоа, но тоа е, пред сè, приказна за љубовта како чудо само по себе, најчесто необјасниво и неразбирливо, но поврзано со нашите најважни животни одлуки.

Според романот во 1992 година е снимен и филм, награден со „Златна палма“ на Канскиот филмски фестивал.

Za-seriozni-chitateli-so-istencen-vkus (1).jpg

Дневник од Гвантанамо Мохамеду улд Слахи

Оваа книга е првиот и единствен дневник на притворено лице што 14 години било држено во Гвантанамо. Во 2002 година, Мохамеду улд Слахи бил затворен во притвореничкиот логор Гвантанамо Беј во Куба, каде што се држеле политички затвореници од војната во Авганистан, а подоцна и од војната во Ирак. Сите години додека бил таму, САД воопшто не го обвиниле за какво било дело.

По три години во заробеништво, Слахи почнал да пишува дневник и да го раскажува својот живот пред да исчезне во американски затвор и пред да се најде на „бесконечното патување низ светот на затворите и испрашувањата“. Неговиот дневник не е само жив запис за погрешно спроведување на правдата, туку и длабоко лична автобиографија – застрашувачка, полна со црн хумор и изненадувачки елегантна.

Za-seriozni-chitateli-so-istencen-vkus (3).jpg

Се мислам да ставам крај Ијан Рид

Се мислам да ставам крај е ингениозно извитоперено кошмарно патешествие низ кревката психа на двајца млади љубовници. Приказната започнува со „обично“ возење на парот кон семејниот дом на момчето. Тоа има план да ја запознае девојката со нив.

Но, патешествието носи многу изненадувања, меѓу кои и главното прашање – дали треба да останеме заедно? Анализи, дискусии, сомнежи и интроспекција, зачинето со динамично дејствие и неочекуван пресврт. Со сигурност ќе уживате.

Za-seriozni-chitateli-so-istencen-vkus (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...
Три книги од различни жанрови, кои ќе ве држат „будни“ до последната страница Историска драма за жени затворени во болница за душевни болести во Париз во 19 в...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...

Најчитани неделава