Без кои книги не смеете да си заминете од „Саем на книга 2022“? (прв дел)

Овогодишниот Саем на книгата ќе се одржи од 3 до 9 мај во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје. 34-тото издание на Саемот на книга ќе понуди неверојатни наслови за сите читатели на убавиот збор.

Bez-koi-knigi-ne-smeete-da-si-zaminete-od-Saem-na-kniga-2022-01.jpg

Среќни сме што издавачката дејност во Македонија во последните неколку години достигнува експанзија, а Саемот на книгата е манифестација на кое најдобро може да се види тоа на едно место.

Без кои наслови не смеете да си заминете од овогодишниот Саем на книга?

„Денот на црвот“ од Симона Јованоска (ИЛИ-ИЛИ)

Оваа книга ја доби престижната награда „Роман на годината“ за 2021, која традиционално ја доделува Фондацијата Славко Јаневски.

Симона Јованоска плете чудесна мозаик приказна која почнува со безначаен фрагмент за еден црв и една чавка, а продолжува да ѕирка во сечиј дом и правливи ќошиња.

Нејзиниот стил е толку интригантен и зрел, воодушевува секој збор во вешто исткаените реченични конструкции. Книга која не смеете да ја пропуштите, а веќе го има и второто издание.

Bez-koi-knigi-ne-smeete-da-si-zaminete-od-Saem-na-kniga-2022 (1).jpg

„Тој и таа“ од Алиса Фини (Сакам книги)

Најновиот трилер од оваа издавачка куќа ќе ве претвори во детектив, обидувајќи се да го откриете виновникот. Ана конечно го има она што долго го посакува.

Со многу напорна работа за да стане главната водителка на вести во BBC, со многу направени жртви во поглед на пријателите, семејството, па дури и сопругот – кој сега веќе ѝ е бивши сопруг.

Па кога некој станува закана за работата од нејзините соништа, таа е подготвена речиси на сè за да не ја изгуби. Кога ја испраќаат да оди да известува за убиство во Блекдаун – малото мирно гратче каде што пораснала – таа не сака.

Но се покажува дека жртвата е нејзина пријателка од детството па нема избор. Наскоро таа не е само новинар кој известува за приказната, туку е во сржта на истата.

Bez-koi-knigi-ne-smeete-da-si-zaminete-od-Saem-na-kniga-2022 (3).jpg

„Замок“ од Франц Кафка (Антолог)

Култен класик кој мора да го имате во својата библиотека. Приказната е навидум едноставна – К. на секаков начин се обидува до дојде до одговорните во замокот што управува со селото во кое е дојден да работи како геометар.

Но никако не може да стигне дотаму – наместо тоа, наидува на луѓето од селото и ги доживува опскурноста и налудничавоста на нивниот туѓ свет.

Сета содржина на ова книжевно ремек-дело може накратко да биде означена како залудни обиди на К. да го најде патот до замокот.

„Замок“ е роман за отуѓувањето, бирократијата и за бесцелните обиди на човекот да се бори против системот и уште едно од брилијантните дела на Кафка.

Bez-koi-knigi-ne-smeete-da-si-zaminete-od-Saem-na-kniga-2022 (4).jpg

„Откако умрев ми се случија многу нешта“ од Рикардо Адолфо (Полица)

Брито, раскажувачот на оваа приказна е иселеник, кој со својата жена Карла и нивниот син се обидуваат да започнат нов живот во земја чиј јазик не го зборуваат.

Една наивна неделна прошетка се претвора во голгота, откако тие се губат на патот кон дома, низ непознатиот град што треба да им биде новиот дом.

Во мисија да решат еден навидум логистички проблем, Брито колебливо ги води низ лавиринтот на животни одлуки што треба или требало да ги донесат.

Во постојан мисловен автобојкот, тој толку успева да ги усложни нештата што стигнува до заклучокот дека треба секогаш да го прави спротивното од она што мисли дека е правилно.

Карла не е целосно убедена дека оваа теорија ќе ги врати на вистинскиот пат, буквално и фигуративно.

Bez-koi-knigi-ne-smeete-da-si-zaminete-od-Saem-na-kniga-2022 (2).jpg

„Жената не е маж“ од Итаф Рам (ТРИ)

Палестина, 1990 година. 17-годишната Исра повеќе сака да чита отколку со сведнат поглед да ги служи мажите што татко ѝ ги пречекува сакајќи да ја омажи.

Брзо како насон, но многу различно од нејзините соништа, таа за една недела од мечтателка станува жена и заминува за Бруклин.

Таму започнуваат маките на Исра, која се труди да ги исполни очекувањата на свекрвата и на сопругот Адам, со надеж дека ќе ја засакаат.

Бруклин, 2008. Осумнаесетгодишната Деја, најстарата ќерка на Исра, мора да се запознава со кандидатите за сопруг кои баба ѝ ги избира, иако нејзината желба е да студира.

Деја се прашува дали ќе ѝ помогнеа нејзините родители ако не загинеа во сообраќајна несреќа. Меѓутоа баба ѝ е одлучна: единствената добра иднина за Деја е бракот со вистинскиот човек.

Но судбината си има свои патишта. Наскоро Деја ќе се соочи со болни вистини за семејството што долго биле криени од неа – за смртта на нејзините родители, за бегството на тетка ѝ, за неопходноста самата да одлучува за својата иднина.

Bez-koi-knigi-ne-smeete-da-si-zaminete-od-Saem-na-kniga-2022 (5).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...
3 романи што ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или е силувана дод...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...

Најчитани неделава