„Мојата приказна" и уште неколку книги кои раскажуваат лични стории

Секој живот носи своја приказна. За љубителите на книги кои сакаат да осознаваат нови работи низ биографиите на познатите, за животните предизвици, подеми и падови и сигурниот пат кон успехот, читајте во следниве предлог книги. 

Mojata-prikazna-i-uste-nekolku-knigi-koi-raskazuvaat-licni-storii -01.jpg

Понекогаш е добро да се прочита за туѓите искуства, за да се инспирирате за промени во вашиот живот. 

Почнете со некоја од следниве биографии: 

„Becoming: Мојата приказна“ од Мишел Обама  

Продадена во повеќе од 10 милиони копии низ светот, објавена на повеќе од 30 јазици, па и на македонски. За нејзиниот личен и приватен живот, за детството, расизмот, бракот со поранешниот претседател на САД, Барак Обама, нивното семејство и влијанието во политиката.  

Mojata-prikazna-i-uste-nekolku-knigi-koi-raskazuvaat-licni-storii -02.png

„Опра Биографија" – Кити Кели  

Храбра и смела книга за несекојдневниот живот на жената која скромното потекло го користи во своја лична изградба на огромен медиумски свет. За животот на познатите, предизвикот да се биде Опра Винфли низ призмата на авторот Кити Кели.  

Mojata-prikazna-i-uste-nekolku-knigi-koi-raskazuvaat-licni-storii -03.jpg

„Черчил: моќта на зборовите“ од Винстон Черчил (Мартин Гилберт)

Силни и моќни зборови е она што го отсликува Винстон Черчил. Брилијантен во размислувањата, јасен во говорите, со моќен наративен стил успеа да фасцинира многу луѓе од различни генерации.

Во ова дело, Мартин Гилберт има направено специјално одбрана едиција од негови книги, написи и говори во кои многу јасно може да се види неговиот живот, кариера и филозофија.

Почнувајќи ретроспективно од детството па сè до уредувањето на еден подобар свет по 1945 година.   

Mojata-prikazna-i-uste-nekolku-knigi-koi-raskazuvaat-licni-storii -04.png

„Моите изуми“ од Никола Тесла 

Автобиографија која дава приказ на целиот внатрешен свет на Никола Тесла, човечкот кој остави незамислив придонес за целиот свет.  За неговите обиди и техничката природа на неговите изуми.

Визијата за поубав и посмирен свет, каде што нема никој да очекува награда, туку искрена и автентична желба за подобар живот за сите.

Дело кое е комплексно за читање, но со фасцинантна позадина, сфаќања и размислувања. 

Mojata-prikazna-i-uste-nekolku-knigi-koi-raskazuvaat-licni-storii -05.jpg

М. У. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...
Три книги од „кралицата на романтичните комедии“, Софи Кинсела, што мора да ги прочитате Сите романтични души во животот мора да прочитаат барем една романтична книга од...
Маријана од Скопје: „На 10 години со заштедени 150 денари си ја купив првата книга“ „Мојата домашна библиотека има околу 700, а библиотеката на моите две мали ќерки...

Најчитани неделава