10 книги што треба да ги имате во својата библиотека за да покажете дека сте вистински интелектуалец

Врева и бес – Вилијам Фокнер

Уште едно класично дело на литературата кое влегува во романите на тек на свест и кое е одлично за сите оние што обожаваат психолошки романи.

Дејствието е сместено во Мисисипи во првата третина на 20-иот век, во времето на падот на робовладетелската аристократија.

10-knigi-shto-treba-da-gi-imate-vo-svojata-biblioteka-za-da-pokazhete-deka-ste-vistinski-obrazovana-lichnost-07.jpg

Венко Андоновски – Папокот на светот

Книжевно дело од македонски автор што секој треба да го прочита барем еднаш.

Романот се состои од вовед, наводно напишан од братот на извесен В., на кој се надоврзуваат книгата „Папокот на светот“ (манускриптот на романот), книгата „Исход“ и книгата „Светлина“ (Записите од дневникот).

10-knigi-shto-treba-da-gi-imate-vo-svojata-biblioteka-za-da-pokazhete-deka-ste-vistinski-obrazovana-lichnost-08.jpg

Гоце Смилевски – Разговор со Спиноза

Во 2002-ра година романот „Разговор со Спиноза“ на Гоце Смилевски ја доби наградата Роман на годината на „Утрински весник“.

Станува збор за роман кој бил преведен и објавен во САД, Италија, Финска, Словенија и голем број други држави. Секако, убаво е да се прочитаат и некои македонски романи за кои зборува целиот свет.

10-knigi-shto-treba-da-gi-imate-vo-svojata-biblioteka-za-da-pokazhete-deka-ste-vistinski-obrazovana-lichnost-09.jpg

Шекспир – Венецијанскиот трговец

Венецијанскиот трговец е драма на Шекспир од 16-тиот век во која се раскажува приказната за трговецот Антонио и еврејскиот лихвар Шајлок.

Денес оваа драма може да се окрактеризира како антисемитистичко четиво во кое во голема мера се говори за статусот на Евреите како нација во 16-иот век во развиеното венециско општество.

10-knigi-shto-treba-da-gi-imate-vo-svojata-biblioteka-za-da-pokazhete-deka-ste-vistinski-obrazovana-lichnost-10.jpg

Ф. М. Достоевски – Коцкар

Ова дело е едно од најпознатите дела на Достоевски. Значително пократко од „Идиот“, „Злосторство и казна“ или „Браќа Карамазови“, а е одлично за сите оние што сакаат психолошки романи и приказни.

Многумина го избираат ова дело токму поради тоа што во него на реалистичен начин е опишана психологијата на коцкарот со перото на писателот кој бил познат по своите коцкарски долгови.

10-knigi-shto-treba-da-gi-imate-vo-svojata-biblioteka-za-da-pokazhete-deka-ste-vistinski-obrazovana-lichnost-11.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
3 трилери за жени-детективки кои ќе ве држат во неизвесност до последната страница Сериски убиец кој не убива од омраза; детективка која бара мистериозен демнач, а...
Шест љубовни романи, идеални за сите непоправливи романтичари Во некои ликови ќе се заљубите веднаш, други ќе ви бидат помалку симпатични, но ...
3 романи што ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или е силувана дод...
3 книги за силни жени во арапскиот свет - интригантни приказни што мора да ги прочитате Две жени во Иран се борат за женските права; Американка која се мажи за Иранец и...

Најчитани неделава