4 романи од Винка Саздова, кои ќе ви ја растреперат душата

Младата публика, која е сè позастапена во читателските кругови, сведочи за убавината и посебната енергија што ја нудат романите на Винка Саздова, која несосмнено има свое парче душа споделено во секој еден од нејзините романи.

knigi-so-dusa-romanite-na-vinka-sazdova-01.jpg

Двапати прогласена за најчитан автор, а освен тоа, доказ за нејзината успешност како писател е и тоа што нејзините книги се објавени во над 35 изданија. 

Во продолжение неколку книги од неа кои треба да ги прочитате:

„Луна”

„Луна” е роман за незавршените комуникации во нашите животи. За сплотеноста на две жени кои имаат заедничка љубов – сопернички кои се сплотуваат во едно во потрагата по Луна.

А која е Луна?

- „Луна”

„Што сакаш всушност да знаеш?“ гласот ѝ беше сув.

„Јас… ми падна тешко што не сакаше да се види со мене“ признав.

„Со никого не се гледаше ако ти е тоа утеха. Секој човек има право на избор нели?“ го повиши гласот.

„Да да“ промрморив. „А и јас не бев којзнае колку упорна. Му ја почитував одлуката. Можеби и се плашев да го видам таков…“

knigi-so-dusa-romanite-na-vinka-sazdova-02.png

„Полиња со диви нарциси”

Приказна за едно навидум обично писмо кое останува непрочитано во џебот на едно палто. 108 жолти ливчиња со непроменлива порака „Разбуди ме”.

Приказна за лавиринтот на љубовта и неверството.

За неиспишаните страници на судбините за противречноста на очекувањето. За новото раѓање на човекот и на крајот...

Дали воошто тоа што е скинато може совршено да се преправи?

knigi-so-dusa-romanite-na-vinka-sazdova-03.png

„Последниот чај”

Дело кое ги отсликува нашите сопствени приказни. Во сите облици и форми, убави и грди, сеедно.

Безвременска приказна која е сочувствителна, љубовна, за цврстите одлуки, за грубите вистини и болки, лагите и спокојот по кој секој чезнее.

За хероината која се соочува со најголемата разделба и за борбата со болката од спомените.

За патот кон себе и слободниот живот. За линијата наречена круг и патот кон дома кој е само круг.

knigi-so-dusa-romanite-na-vinka-sazdova-04.png

„Понекогаш доаѓа среќа”

Роман кој ќе ве натажи и разнежни, возбуди и замисли. Приказната за младата Гора која создава романтична љубовна врска со постар човек кој е веќе разведен и има дете.

Иако насловот ветува среќен крај, сепак патот до него е полн со предизвици, болка, интимност, многу препреки и патешествија кои не се далеку од реалниот современ денешен живот.

knigi-so-dusa-romanite-na-vinka-sazdova-05.png

М. У. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
3 трилери за жени-детективки кои ќе ве држат во неизвесност до последната страница Сериски убиец кој не убива од омраза; детективка која бара мистериозен демнач, а...
Три книги од „кралицата на романтичните комедии“, Софи Кинсела, што мора да ги прочитате Сите романтични души во животот мора да прочитаат барем една романтична книга од...
Три задолжителни книги за сите љубители на научната фантастика Шамански моќи, специјални дарби кои се пренесуваат од колено на колено, тајни св...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...

Најчитани неделава