Три морничави психолошки трилери (што нема да ви дадат мир додека не ги завршите)

Крвави, морничави, напнати... Овие три психолошки трилери ќе ве држат во неизвесност до самиот крај.

tri-mornichavi-psiholoshki-trileri-shto-nema-da-vi-dadat-mir-dodeka-ne-gi-zavrshite-01.jpg

Доколку сте од оние што сакаат да читаат напнати приказни за психолошки игри и ндамудрувања, тогаш овие три романи сигурно ќе ви се допаднат.

Станува збор за три релативно нови книжевни трилери што можете да ги читате во слободното време, но, нема да сакате да ги оставите додека не ги завршите.

„Заклучената врата“ – Фрида Мекфаден

Фрида Мекфаден е лекар специјалист за повреди на мозокот кој во слободно време пишува психолошки романи. „Заклучената врата“ е еден од нејзините најпознати романи, а приказната се врзува за младата докторка Нора Дејвис.

На возраст од само 11 години Нора воопшто не знаела дека заклучената врата од подрумот во нејзиниот дом го крие хоророт што нејзиниот татко го остава зад себе убивајќи млади жени. Сега, речиси две децении подоцна, Нора ја гради својата кариера како успешен хирург, а татко ѝ е во затвор, но во еден миг една од нејзините пациентки е убиена на идентичен начин како што тоа го правеше нејзиниот татко.

Дали Нора води двоен живот или пак, постои некој којшто знае која е таа и сака да ја претстави како убиец?

tri-mornichavi-psiholoshki-trileri-shto-nema-da-vi-dadat-mir-dodeka-ne-gi-zavrshite-02.jpg

„Надвор од контрола“ – Себастијан Фицек

Германскиот крал на трилерот Себастијан Фицек во романот „Надвор од контрола“ успева повторно да го задржи вниманието на читателите со морничавите психолошки и јазични игри карактеристични за неговите четива.

Романот започнува со приказната на реномираниот криминален психолог Ира Самин која обеземена од тагата заради прераната смрт на нејзината ќерка планира да си го одземе животот, сѐ до оној миг додека психопат не влезе во најпознатата радио станица во Берлин и не ги задржи сите вработени како заложници.

За секој заложник тој бира по еден телефонски број од телефонскиот именик и ако одговорат со специфичен слоган, заложникот е слободен, за секој погрешен одговор по еден заложник умира.

Ира треба да заборави на своите лични проблеми и да преговара со убиецот кој наведува дека ќе преговара само ако му ја донесат свршеницата. Но, проблемот е што неговата свршеница е мртва...

tri-mornichavi-psiholoshki-trileri-shto-nema-da-vi-dadat-mir-dodeka-ne-gi-zavrshite-03.jpg

„Совршена жртва“ – Хелен Филдс

Како поранешен адвокат кој се занимава со криминално право Хелен Филдс своето стекнато знаење и искуство го користи во градењето на морничавите карактери во нејзините трилери. „Совршена жртва“ е роман за двајца сериски убијци кои се во натпревар да докажат кој од нив има поголем коефициент на интелигенција.

Среде летен фестивал млад дечко е прободен со нож во пределот на стомакот. Тој умира неколку минути подоцна.

Убиецот танцува низ толпа луѓе со сечило остро како неговиот ум, но никој не го забележува. Следната седмица, тело на млада учителка е пронајдено во контејнер, задавена со сопствената марама. И покрај фреквентноста на улицата, повторно убиецот поминува незабележливо.

Инспекторката Ава и инспекторот Лук Каланах не можат да најдат мотив ниту трага од убиецот сè додека низ градот не осамнат графити на згради - зборови кои ја опишуваат секоја жртва.

tri-mornichavi-psiholoshki-trileri-shto-nema-da-vi-dadat-mir-dodeka-ne-gi-zavrshite-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три психолошки книги кои ќе ви го „разбистрат“ умот и вреди да ги прочитате Тројца различни автори и три психолошки книги - сите поинакви, но сепак исти по ...
5 трилери од Крис Картер за детективот Роберт Хантер - романи кои нема да сакате да ги оставите Роберт Хантер е главниот лик во скоро сите книги на авторот Крис Картер. То...
Три трилери кои задолжително треба да ги прочитате во септември Аутистично момче (5) преку своите цртежи дава траги за убиство; жена се обидува ...
3 трилери за жени-детективки кои ќе ве држат во неизвесност до последната страница Сериски убиец кој не убива од омраза; детективка која бара мистериозен демнач, а...
Шест љубовни романи, идеални за сите непоправливи романтичари Во некои ликови ќе се заљубите веднаш, други ќе ви бидат помалку симпатични, но ...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...

Најчитани неделава