Ивона Јо ја промовираше својата прва песна - „БУКВАЛНО“ ќе ви го освои срцето (видео)

Младата пејачка Ивона Јо(вановиќ) денеска со голема промоција во Intermezzo Music Bar на публиката ѝ го подари својот прв музички проект (во новиот живот), насловен како „БУКВАЛНО“.

ivona-jo-ja-promovirashe-svojata-prva-pesna-bukvalno-kje-vi-go-osvoi-srceto-video-01_copy.jpg

„БУКВАЛНО“ е автобиографска песна, снимена во Белград.

Музиката и аранжманот се дело на српскиот продуцент и пејач Немања Антониќ, додека за текстот е заслужен Иван Вукајловиќ.

„Ивона се разликува од останатите уметници со кои јас сум работел, по тоа што како девојка, артист, изведувач од друга држава - Македонија, дојде во Србија и реши да започне кариера! Тоа е навистина многу храбро и е за почит!

Ивона има перфектен српски акцент, многу убаво пее, неверојатно ја пренесува емоцијата, Србија одлично реагира на неа, а мислам дека тоа е повеќе од доволно за да ѝ предвидам одлична кариера!“, открива Немања Антониќ, автор на песната „БУКВАЛНО“.

ivona-jo-ja-promovirashe-svojata-prva-pesna-bukvalno-kje-vi-go-osvoi-srceto-video-0.jpg

Сценариото го искреира самата Ивона (со поддршка од Тамара Волческа и Мартин Трајановски), која целата своја животна приказна ја прикажува во спотот.

Во видео записот како актери се појавуваат Тамара Волческа, Цеце Николова и три девојки од Србија - Ирена Јовановиќ, Ана Илиќ и малата Јана Зариќ. Овие девојки ги прикажуваат петте емоции кои Ивона ги чувствувала низ годините (тага, среќа, бес, самокритичност и его), а кои секој од нас ги има во одреден период од животот.

ivona-jo-ja-promovirashe-svojata-prva-pesna-bukvalno-kje-vi-go-osvoi-srceto-video-02.jpg

Токсичната врска од која пејачката своевремено била дел, ја прикажува со актерот Дамир Салијевиќ.

„БУКВАЛНО сакам да ја слушнат сите жени кои некогаш се почувствувале повредено и изманипулирано од своите емотивни партнери. Сакам да ја слушнат сите луѓе кои во својот живот војуваат некакви битки“, вели Ивона.

ivona-jo-ja-promovirashe-svojata-prva-pesna-bukvalno-kje-vi-go-osvoi-srceto-video-03.jpg

„Со стихот Кад ти кажу лепша је после тебе Буквално - Ивона ѝ се обраќа на Ивона“, открива пејачката.

ivona-jo-ja-promovirashe-svojata-prva-pesna-bukvalno-kje-vi-go-osvoi-srceto-video-04.jpg

„Рефренот вели Хаос да сакријем, болече те брутално. Сите ние имаме моменти во коишто тагуваме и плачеме во себе. Сакам тоа да го нормализирам и да кажам дека е во ред. Во ред е да плачеме во себе, но не и да го чуваме. Јас тоа го пуштив, го пуштив преку текстот на БУКВАЛНО“, заклучува Ивона.

Слушнете ја песната на Ивона:

Би можело да ве интересира:

Тамара Волческа не брои до 3 – ново, смело и најзрело издание на нашата пејачка По период во кој постојано е во центарот на вниманието на јавноста, Тамара Волче...
Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Пајак конечно со прв студиски албум: „2000 и некоја“ носи дуети со Тајзи, Јован и Елвир, Тони Зен и ... Албумот носи природна динамика, од енергични, модерни песни до поинтимни и повле...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...
12-годишната Дарија од Србија е чудо од дете - издоминира во „Пинкови ѕвезди“, Карлеуша воодушевена ... „Кукла... Браво!“, „Шоу“ се дел од коментарите на жирито за девојчето што го воо...
Личната борба ја преточи во песна - Слушнете ја „Молитва” на Ивона Јо (видео) Ивона Јо го претстави својот најличен и најмоќен проект досега „Молитва“, песна ...

Најчитани неделава