Мина Блажев: Огромна е одговорноста да се пее „Море сокол пие“

Четвртата по ред нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“ е „Море сокол пие“ во изведба на младата и талентирана Мина Блажев, која вели дека е пресреќна што со својата изведба ќе придонесе за зачувување на нашето културно богатство.  

mina-blazev-ogromna-e-odgovornosta-da-se-pee-more-sokol-pie-01.jpg

„Ми претставува огромна чест и благодарна сум што сум дел од овој прекрасен проект, како и што со мојата изведба ќе придонесам за зачувување и негување на нашите македонски патриотски песни и културното богатство. Многу сум среќна што се споивме 12 одлични изведувачи и што заедно со целиот тим имаме една заедничка мисија, а тоа е на нашите македонски песни да им го продолжиме векот и да ги доближиме до новите генерации. Чувствувам огромна одговорност што во овој проект ќе се претставам со песната Море сокол пие“, која е една од моите омилени македонски песни и која на секое слушање буди посебни чувства во мене. Токму затоа и сакав оваа прекрасна македонска народна песна да ја слушнете во една поинаква верзија, полна со емоции и со еден посебен, мој личен печат. Со целиот тим сакаме да допреме до новите генерации, но, секако, во убавата песна да уживаат и постарите. Верувајте дека сите навистина се вложивме максимално во творењето на оваа верзија и сигурна сум дека по слушањето на истата и вие ќе го почувствувате тоа! Сигурна сум дека со овој проект ќе придонесеме за обединување на нашиот народ со вистината која ја носат овие патриотски песни и ќе успееме да ги оствариме и останатите цели на овој прекрасен проект!“, вели Мина уште еднаш порачувајќи сите да слушаме македонска музика и да си ги почитуваме и негуваме корените од каде што потекнуваме!

„Море сокол пие“ е македонска народна песна за која постојат неколку верзии, а се претпоставува дека првата снимка е направена врз основа на онаа најстарата датирана од 1837 година. Последната верзија, пак, во изведба на Мина Блажев е со потписот на Николче Мицевски, кој е автор на аранжманите на целиот проект составен од 12 нумери во изведба на 12 изведувачи, и од светот на фолкот и од светот на забавната музика. Зад видеото, како и комплетната реализација на проектот се потпишува Скендеровски продукција.

Дел од „Македонијо во срце те носиме“ освен Мина Блажев, Миле Кузмановски, Огнен Здравковски и Ламбе Алабаковски, чии изведби публиката веќе имаше можност да ги чуе, се и: Наум Петрески, Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, ДНК, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Марија Спасовска и Зуица Лазова.

Публиката ќе има можност сите 12 песни да ги чуе и во живо, бидејќи како дел од проектот наесен планиран е и концертен караван кој под истото име ќе ја обои Македонија во најубавите звуци - да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и да го зачуваме највредното – музичкиот аманет кои ни го оставиле генерациите пред нас.

Уживајте во изведбата на Мина Блажев и прекрасната „Море сокол пие“:

Би можело да ве интересира:

„Поради несреќата во Кочани и во чест на Сара Пројковска не сакав да ја објавам“ - Мими Јовановска з... Пеколни ноќи и очи без сјај, тоа ли заслужив. Пред мене да глумиш, а други да љу...
Пајак конечно со прв студиски албум: „2000 и некоја“ носи дуети со Тајзи, Јован и Елвир, Тони Зен и ... Албумот носи природна динамика, од енергични, модерни песни до поинтимни и повле...
Тамара Волческа не брои до 3 – ново, смело и најзрело издание на нашата пејачка По период во кој постојано е во центарот на вниманието на јавноста, Тамара Волче...
Ана и Алексеј од Битола ја преработија безвременската „Немир“ од Каролина и Тоше (видео) Младите талентирани музичари Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски од Битола, кои ја...
Раскинаа диџеј Боно и Тами, па ја објавија заедничката песна „Бамба“ Македонската музичка сцена доби уште едно свежо летно издание. Борјан Илковски Б...
Легато бенд со нова емотивна балада - „Со тебе засекогаш“ веќе станува химна на вљубените  Љубовта, искрените емоции и животните ветувања добија своја музичка приказна во ...

Најчитани неделава