Промоција за нова песна и видео спот на Славчо Крежески – Одведи ме дома

Славчо Крежески е музичар и музички ентузијаст роден во Струга, но подолг период живее и работи надвор од Македонија.

promocija-za-nova-pesna-i-video-spot-na-slavcho-krezheski-odvedi-me-doma-04.jpeg

„Моите почетоци во музиката се уште од најрано детство бидејќи потекнувам од музичка фамилија која отсекогаш и придавала значење на културата и уметностите, а посебно на Македонската песна.

Имено, мојот татко е гитарист, а своевремено и вокал во неколку музички групи кои гравитираа во Бивша Југославија и генерално тој ми ја има пренесено желбата и љубовта кон музиката.

Од 8 годишна возраст почнувам и јас да се занимавам со музиката, најпрвин преку часови за клавир, а во меѓувреме покрај татко ми почнува и кај мене да се јавува желба и интерес за гитарата како инструмент со што почнувам да свирам и полека да ја учам и неа како инструмент.

Средно музичко училиште имам завршено во “Тодор Скаловски Тетоец” во Струга, каде како главен предмет го запишувам саксофон, така што би рекол дека имам познавање на повеќе музички инструменти.

Желбата за пеење била присутна би рекол отсекогаш, но да бидам искрен поради некој мои лични комлекси и стравови во тој период никогаш не пеев надвор од ѕидовите на мојот дом.

promocija-za-nova-pesna-i-video-spot-na-slavcho-krezheski-odvedi-me-doma-02.jpeg

По завршување на средното образование, на мои 18 години заминувам во странство во потрага по нови предизвизи и подобар живот со што се селам во Швајцарија кај родителите на мојата мајка. Таму почнувам да работам и живеам. Како и сите млади луѓе кои ја имаат напуштено нашата убава земја и јас почнувам да ја гледам мојата иднина таму, а посебно со запознавањето на мојата сегашна сопруга со која имаме две прекрасни дечиња. Едноставно животните предизвици и немањето слободно време во тој период пресудија да морам комплетно да се отргнам од музиката.

Некаде во 2018 година и моите родители се селат во Швајцарија со што добиваме поголема подршка и помош од нивна страна,а со самото тоа и малку поголема слобода за што сум им благодарен. Во принцип тој период после цели 5 години за среќа повторно се јавува серизно желбата за музика и веќе размислувам на креирања на музичка кариера како вокален солист.

promocija-za-nova-pesna-i-video-spot-na-slavcho-krezheski-odvedi-me-doma-03.jpeg

Тогаш решив да ја купам мојата нова гитара и со тоа да се посветам на по сериозно практикување на музиката на дневна основа. Во меѓувреме се среќавам со наш фамилјарен пријател, Методи Поповски или познат кај македонската поблика како Мето ди Флеш, кој воедно ми дава храброст да ги победам мојте комплекси и да почнам да го правам тоа што го сакам. Дополнителна сила ми дава и подршката од мојата фамилија која застана зад мене во остварување на моите соништа.

Брзо после ова стапувам во контакт со екипа од Нови Сад - Србија, со која работиме на моите први две песни, кој се испеани на српски јазик и за кои беа издадени и видео записи. Спотовите беа изработени од страна на Драган Андреј Шариќ, кој воедно ми е голема подршка во се што правам во мзуиката. Во меѓувреме снимив и неколку кавер верзии на песни кои лично ми се допаѓаа.

promocija-za-nova-pesna-i-video-spot-na-slavcho-krezheski-odvedi-me-doma-01.jpeg

По овој период веќе сватив дека е време да се посветам на Македонската музика и да се претставам на Македонската јавност како музичар. Остваривме први контакти со Дарко Андонов, македонски артист, композитор и музички продуцент, а и сопственик на “DAAN Music Production”. Се договоривме првично да ми прати некои негови идеи за кои што има демо снимки и така меѓу една од песните за прв пат ја слушнав “Одведи ме дома”. Во тој момент знаев дека го правам вистинскиот избор за мои музички соработници и во следниот разговор веќе ја договоривме нашата сорааботка.

Како авторски тим зад песната “Одведи ме дома” стојат Кире Јакимов кој беше задолжен за музиката и текстот и Дарко Андонов задолжен за аранжманот и снимањето за што сакам да им се заблагодарам.

Веднаш се пронајдов во песната, како што би се пронашле и многу наши иселеници кои заминале од Македонија поради финансиски или системски причини. Верувајте сите тие сакаат да си дојдат дома, таму каде што се родиле, каде што останала душата, каде што си го гледаат сопствениот мир и спокој.

Се надеваме дека оваа песна ќе допре најмногу до нив, а и до сите Македонци.

Промоцијата на песната и видеото за истата беше на 25 Февруари на мојот YouTube канал, во прилог и линк каде што може да се погледне:

Плановите за во иднина се врзани со DAAN MUSIC PRODUCTION бидејќи некако се спои убава енергија, што сметам дека е многу битно за креирање на музика. Веќе работиме на неколку нови проекти, па наскоро очекувајте да презентираме нова Македонска музика.“

Би можело да ве интересира:

Нова песна и спот на Дупер: „Кажи ми во лице“ Скопје, 05.01.2024 – Борис Какуринов и Илчо Нечовски очигледно го имаат тајниот ...
"Живее спомен" - новата песна и видео запис на Тамара Волческа На 10.03.2024 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата нов...
Промоција на нова песна и видео спот на Дарко Андонов ака ДААН (06.09.2023) Дарко Андонов ДААН ја промовира својата нова песна и спот, „Мојот с...
Наташа Миха со нова песна - Слушнете ја „Инферно“ После година дена од објавувањето на нејзиниот албум „10 Љубови“, Наташа Миха се...
Сара Мејс во свежо, уникатно и впечатливо издание за новиот видео запис за песната „Очи Вселена“ Ултра модерен звук со диско ритам, заразна мелодија која тешко ќе ви излезе од г...
„Има љубов во нас“ - Првиот сингл од новиот албум на Дани Димитровска „Страдаме во илузија дека сме немоќни, неспремни, зли и сурови. Љубов е лекот. С...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg