Браво! Ана (13) од Битола остава без зборови со својот моќен настап на јуниорскиот San Remo (видео)

„Кон крајот на јануари добивме официјална потврда дека сум примена да настапам на San Remo Junior. Сакавме настапот да биде изненадување, па дека ќе пеам таму знаеја само најблиските. Но, откако го објавивме видеото, добивме многу позитивни реакции и сите се воодушевени“, кажа битолчанката Ана (13) за CRNOBELO.com. 

gordi-sme-ana-13-od-bitola-ostava-bez-zborovi-so-svojot-mokjen-nastap-na-juniorskiot-san-remo-video-01.jpg

Ана Ванчевска (13) од Битола е ученичка во осмо одделение во ОУ „Даме Груев“ и е најдобар ученик во својата генерација.

Таа го посетува и Државното музичко училиште во Битола и свири на виолина уште од 6-годишна возраст.

Покрај музиката, Ана е и посветен ученик со многу награди од областа на математиката, физиката, францускиот јазик, а во 2023 година ја доби Гранд при наградата на детски музички фестивал во Ужице, Србија.

gordi-sme-ana-13-od-bitola-ostava-bez-zborovi-so-svojot-mokjen-nastap-na-juniorskiot-san-remo-video-05.jpg

Но, како шлаг на нејзината досегашна работа и посветеност на музиката е настапот на интернационалниот музички фестивал San Remo Junior, кој традиционално, по 15. пат се одржа во италијанскиот град Сан Ремо.

Таму Ана имаше моќен настап. Ги воодушеви сите со своето пеење, а во конкуренција меѓу 26 деца, ја испеа песната Voila, со која Барбара Прави ја претставуваше Франција на Евросонг 2021.

gordi-sme-ana-13-od-bitola-ostava-bez-zborovi-so-svojot-mokjen-nastap-na-juniorskiot-san-remo-video-04.jpg

За настапот на јуниорското издание на San Remo и за своите впечатоци, Ана раскажа за CRNOBELO.com:

„Фестивалот е наменет за деца од 5 до 15 години, а годинава имаше натпреварувачи од 26 земји ширум светот, вклучувајќи ги Индонезија, Молдавија, Казахстан, Словачка, Малта, Австралија, Америка, Франција и многу други.

Во декември 2023 година имаше јавен повик за пријава за учество на овој престижен интернационален фестивал во Италија, па со семејството решивме да се пријавам.

Јас од 5-годишна возраст настапувам на детскиот музички фестивал Си-До во Битола, па желбата да настапам на голема сцена нè поттикна да испратиме композиција која ја снимивме во студиото на Дарко Шерденков.

gordi-sme-ana-13-od-bitola-ostava-bez-zborovi-so-svojot-mokjen-nastap-na-juniorskiot-san-remo-video-03.jpg

Кон крајот на јануари добивме официјална потврда дека сум примена да настапам на фестивалот.

Од тој момент започнаа подготовките за настапот. Започнав со часови кај професорката по соло пеење Марина Коруновска, која со сета своја посветеност, професионалност и љубов успеа да го извади најдоброто од мене.

gordi-sme-ana-13-od-bitola-ostava-bez-zborovi-so-svojot-mokjen-nastap-na-juniorskiot-san-remo-video-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ана Петановска и Дадо Топиќ победија на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват Една од најталентираните млади македонски пејачки и легедарниот хрватски рокер о...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...
Тамара Волческа не брои до 3 – ново, смело и најзрело издание на нашата пејачка По период во кој постојано е во центарот на вниманието на јавноста, Тамара Волче...
Дупер ја оживуваат магијата на „Супер ѕвезда“ во новата песна По успехот на нивниот последен сингл „Некажано“, кој излезе пред само два месеци...

Најчитани неделава