ДНК и Теа Трајковска имаат иста „Амајлија: Слушнете ја нивната нова песна (видео)

Сѐ уште не стивнуваат реакциите за дует-песната "Животе Брате" на ДНК, која ја промовираа пред само неколку недели, а тие вчера на сите музички и социјални платформи објавија уште една нова песна.

dnk-i-tea-trajkovska-imaat-ista-amajlija-slushnete-ja-nivnata-nova-pesna-video-01.jpg

Дека Панчо и Андреј работат со полна пареа е токму новата соработка. Овојпат со нивната колешка, младата Теа Трајковска.

Песната носи наслов "Амајлија", чија музика е заедничка на Панчо и Лазар Цветкоски, додека аранжманот е дело на Лазе, а текстот пак го напиша Панчо.

Како и за останатите нивни песни, така и за оваа, тие снимија одличен видеоспот и тоа во еден од најубавите хотели во Златибор во соседна Србија, "21st Century Златибор". Станува збор за инзвореден хотел кој за многу кратко време стана еден од омилените за престојување на ова популарно туристичко место.

"Точно е, снимањето на спотот се одвиваше во Златибор, поточно во ексклузивниот хотел кои го изградија нашите пријатели од" Адора" и да бидам искрен полесен спот досега немаме снимено. Тоа е поради одличниот пречек од персоналот на хотелот, бидејќи се што побаравме од нив тие ни го овозможија" - накусо изјавија момците од ДНК.

Покрај кадрите во хотелот, дел од спотот е снимен и низ убавините на ова познато туристичко место, како и ранчот "Зова", кој е отворен за сите посетители.

Инаку како режисер на овој видеоспот се потпишува режисерот Даниел Јовески, со кого тие соработуваат веќе долги години...

Погледнете го спотот за" Амајлија"! на ДНК и Теа Трајковска..

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Дупер ја отвораат летната сезоната со нова песна Бендот ДУПЕР ја објави својата најнова песна „Некажано“ која има потенцијален да...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...

Најчитани неделава