Јоце Панов има нова песна на српски, сними дует со Дарко Филиповиќ (видео)

Во песната, Јоце и Дарко се борат за љубовта на атрактивна девојка, а таа самата треба да одлучи помеѓу еден од нив.

joce-panov-ima-nova-pesna-na-srpski-snimi-duet-so-darko-filipovikj-video-01.jpg

Јоце Панов, еден од нашите најпознати изведувачи, кој секој викенд ги полни клубовите низ нашата земја, сними дует со Дарко Филиповиќ, кој се прослави во првата сезона на Ѕвездите на Гранд, кога освои четврто место во суперфиналето, а потоа за кратко време постигна голем успех.

Песната се вика Lice u lice. Музиката и текстот се на Блаже Темелков, аранжманот е на Алек Алексов. Песната се снимаше во студиото на Алексов во Белград.

joce-panov-ima-nova-pesna-na-srpski-snimi-duet-so-darko-filipovikj-video-02.jpg

Спотот е сниман на неколку локации во соработка со Дејан Миличевиќ, кој е долгогодишен соработник на Панов.

Се работи за песна во која двајцата гласа се борат за љубовта на атрактивна девојка, а таа самата треба да одлучи помеѓу еден од нив.

Погледнете го видеото:

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна - „Адреналин“ има преку 75... Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јо...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...

Најчитани неделава