Камилоски со новата песна и спот „Дали можам” повторно докажа дека навистина може! (видео)

Ако во само еден збор треба да го опишеме новиот сингл на Павле Камилоски кој го промовираше на музичкиот фестивал Макфест, тој збор ќе биде - безвременски.

kamiloski-so-novata-pesna-i-spot-dali-mozham-povtorno-dokazha-deka-navistina-mozhe-video-01_copy.jpg

„Дали можам” е едно од оние дела кои се моќни, впечатливи и трајни. А, токму силниот глас на Павле ја истакнува силата во неговата нова композиција под авторство на Дамјан Лазаров.

Лазаров го пишува и извонредниот текст во стил кој е препознатлив печат на пејачот Камилоски.

kamiloski-so-novata-pesna-i-spot-dali-mozham-povtorno-dokazha-deka-navistina-mozhe-video-02.jpg

Видео спотот кој Павле во неделата го бјави на неговиот Youtube канал плени со шармот на љубовта. А, довербата за режија на овој краток филмски запис секако дека повторно му ја пружи на Александар Ристовски- Принц.

„Принц е буквално мојот принц на бел коњ кога станува збор за режија на моите спотови. Понекогаш мислам дека може да ми влезе во главава и мојата имагинација да ја преточи во филмско дело кое ја отсликува мојата емоција додека пеам” – вели Камилоски.

kamiloski-so-novata-pesna-i-spot-dali-mozham-povtorno-dokazha-deka-navistina-mozhe-video-03.jpg

Спотот во кој ќе ги видиме убавиците Моника Црнокрак и Нина Ред претставува визуелна симфонија која совршено се спојува со мелодијата на песната.

Со „Дали можам”, Камилоски продолжува да ја развива својата уникатна музичка кариера, по успехот на претходните хитови како „Mia Bella” и „Да си моја”, кои ја освоија публиката со својката искреност и емоција.

Би можело да ве интересира:

Јован Јованов со прва соло песна по 17 години - „Не ти стои“ како најава за големиот концерт во Скоп... „Не ти стои“ е името на новата песна на Јован Јованов, негов прв соло сингл по 1...
Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Со песната „Легендата“, Тони Зен го најави новиот албум „Уствари ќе излезат два албума на плоча, со две стихозбирки. Едниот албум е од 2...
Симона Поповска со „Не ми доаѓаш“: Емотивна експлозија на 40-тото издание на „Макфест“ На јубилејното 40-то издание на фестивалот „Макфест“, Симона Поповска ја донесе ...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна - „Адреналин“ има преку 75... Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јо...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...

Најчитани неделава