„Ептен Љубовна“ - свежо музичко остварување со видеоспот, во изведба на Игор Џамбазов feat. Sarah Mace & The Girlzz

Вчеравечер, на YouTube каналот на Сара Мејс, премиерно беше објавен видеоспотот за најновото музичко остварување „Ептен Љубовна“ во изведба на Игор Џамбазов и Сара Мејс & The Girlzz.

epten-ljubovna-svezho-muzichko-ostvaruvanje-so-videospot-vo-izvedba-na-igor-dzhambazov-feat-sarah-mace-the-girlzz-01.JPG

Оваа песна е плод на музичката креативност на големиот уметник и шоумен Игор Џамбазов, кој ги креираше музиката и текстот, а ја изведува заедно со Сара Мејс и вокалниот состав The Girlzz, составен од Калина Велковска, Ана Петановска и Теа Богатинова.

epten-ljubovna-svezho-muzichko-ostvaruvanje-so-videospot-vo-izvedba-na-igor-dzhambazov-feat-sarah-mace-the-girlzz-02.JPG

Аранжманот на песната е дело на Гуру Харе, кој додаде свои уникатни музички елементи, додека вокалниот аранжман за девојките е подготвен од Теа Богатинова, која внесе хармонија и изразност во нивните гласови. Спотот, снимен на неколку автентични локации низ Скопје, е режиран од Борјан Стојков, кој успева да ја пренесе суштината на песната во едно слатко сценарио. Оваа уникатна музичка колаборација донесува специфичен пристап во љубовните теми и на симпатичен начин ја прикажува љубовта од поинаква перспектива.  

epten-ljubovna-svezho-muzichko-ostvaruvanje-so-videospot-vo-izvedba-na-igor-dzhambazov-feat-sarah-mace-the-girlzz-03.JPG

Со „Ептен Љубовна,“ Игор Џамбазов заедно со Сара Мејс & The Girlzz внесуваат нова енергија и креативност на македонската музичка сцена, демонстрирајќи дека музиката не претставува само израз на длабоки емоции, туку и извор на насмевки и забава и за отсликување на несекојдневните животни ситуации. Со својот свеж пристап, тие умешно ја комбинираат лириката и хуморот, што резултура со уникатна музичка композиција за уживање.

„Песнава ја пишував во етапи. Пишувана е за неколку жени. Една вистинска, една лажна и неколку замислени. Затоа и се вика ептен љубовна... многу љубов има вложено во неа. Уживајте!“, напиша Игор Џамбазов на својот Instagram профил по објавата на новата песна.

epten-ljubovna-svezho-muzichko-ostvaruvanje-so-videospot-vo-izvedba-na-igor-dzhambazov-feat-sarah-mace-the-girlzz-04.JPG

„Ептен Љубовна“ е оригинално музичко парче кое ветува дека ќе допре до срцата на слушателите. Погледнете го видео-спотот на YouTube каналот на Сара Мејс и уживајте во оваа единствена комбинација на хумор, талент и инспирација.

Би можело да ве интересира:

Колку љубов заслужува љубовта? Сара Мејс и Стефан Николовски во дуел со стереотипите во нов видео за... Доколку сте мислеле дека не постои, Сара Мејс храбро го претставува најновиот ду...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
Пајак конечно со прв студиски албум: „2000 и некоја“ носи дуети со Тајзи, Јован и Елвир, Тони Зен и ... Албумот носи природна динамика, од енергични, модерни песни до поинтимни и повле...
Тамара Волческа не брои до 3 – ново, смело и најзрело издание на нашата пејачка По период во кој постојано е во центарот на вниманието на јавноста, Тамара Волче...
„Седатив“ носи нова енергија: Марија Спасовска со деби албум и силна музичка порака (видео) Денеска, пред присуство на медиуми, соработници и гости, младата пејачка  М...

Најчитани неделава