Македонецот Хејз го промовира новиот сингл од албумот Afterlife

Hide е новиот сингл на Хејз (Haze), 6-ти од албумот Afterlife. Претходно се престави со Afterlife, Stargazing, Heaven, Сенки и Ode of Joy.

makedonecot-hejz-go-promovira-noviot-singl-od-albumot-afterlife-01.jpg

Ненад Тодоровски е познат на македонската јавност под псевдонимот Хејз (Haze), под кој работи како музички продуцент и диџеј.

Зад себе има повеќе проекти преку кои има издадено повеќе од 20 синглови и ремикси. Има соработувано со Бобан Апостолов (naBBoo), Brass Brothers, Cyrillic, Galoski, Iwayo, Викторија Лоба и многу други.

Синглот Hide беше претставен на јавноста на 07.11.2024 преку македонската издавачка куќа Cafe De Anatolia која во моментов важи за една од најдобрите издавачки куќи позната по комбинацијата на модерна електронска музика со традиционална музика од Балканот и Блискиот Исток.

makedonecot-hejz-go-promovira-noviot-singl-od-albumot-afterlife-02.jpg

Основана е во 2017 година од Зоран Илиев (познат под псевдонимот Billy Esteban), неговата ќерка Моника Илиева и синот Никола Илиев).

Cafe De Anatolia има добиено 31 награда на видео платформата YouTube – 3 златни плакети за над милион претплатници и 28 сребрени плакети за над 100.000 претпланици.

Текстот е на Ненад Тодоровски а вокалот е во изведба на Александра Иванова. Александра покрај соработката со Хејз и BDM, позната и е на јавноста со својата авторска песна Not the Same.  

Би можело да ве интересира:

Јован Јованов со прва соло песна по 17 години - „Не ти стои“ како најава за големиот концерт во Скоп... „Не ти стои“ е името на новата песна на Јован Јованов, негов прв соло сингл по 1...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
Со песната „Легендата“, Тони Зен го најави новиот албум „Уствари ќе излезат два албума на плоча, со две стихозбирки. Едниот албум е од 2...
Пајак конечно со прв студиски албум: „2000 и некоја“ носи дуети со Тајзи, Јован и Елвир, Тони Зен и ... Албумот носи природна динамика, од енергични, модерни песни до поинтимни и повле...
Тамара Волческа не брои до 3 – ново, смело и најзрело издание на нашата пејачка По период во кој постојано е во центарот на вниманието на јавноста, Тамара Волче...
Елвир Мекиќ ѝ подари нов музички „Дијамант“ на својата публика Откако долго време беше повлечен од музичката сцена, Елвир Мекиќ ја продолжува с...

Најчитани неделава