Тамара Груејска сними спот за песната „Само насмевни се“ (видео)

Тамара Грујеска го сними новиот спот на песната „Само насмевни се“, дело на Роберт Билбилов и неговата Just Rb Production во која се изработи музиката и аранжманот на оваа прекрасна модерна песна која нуди и преубав тескт со одлична порака и е дело на Робин Зимбаков  еден од најплодните текстописци во Македонија.

tamara-gruejska-snimi-spot-za-pesnata-samo-nasmevni-se-video-01.jpg

Само насмевни се  трето дело на Роберт Билбилов и Тамара Грујеска,предходно беа  создадени песните Имам Сила и Кажи ми кажи ми кој со која ја претставуваше Македонија на Junorevrosong  во Ница Франција  минатата година.Видео записот е снимен на повеќе локации во Скопје и дел во студиото Prolite на Тоше  во режија на Огнен  Шапковски и Мелем продукција.

За Сценскиот настап ,кореографијата како и за дел од оутфитот беше задолжена Љупка Јакимовска  која беше и дел од тимот на Мрт за  минатогодишното претставување на Детскиот еверосонг во Ница Франција.Во спотот учествуваа Ребис под водство на Леона Танасковски со одлични кореографии и го збогатија спотот со прекрасни изведби.Тамaра Грујеска.За дел од креациите се дело на познатиот македонски моден бренд  Ivasapasovskaatelier студио кое со голем ентузијазам ги изработува сите креации за младата Тамара која со беспрекорниот вокал никого не остава рамнодушен.

Само насмевни се е песна за сите генерации,во оваа песна може секој да се пронајде во секого од нас постои сонцето во себе потребно е само малку волја и насмевка и животот станува поубав.

Се чувствувам среќно задоволно и исполнето после остварување на еден ваков голем проект зад кој стојат големи имиња на македонската естрада.Екипата работеше одреден период и конечно дојдовме до крајот можеме сите да се гордееме.Срекна сум што имам модерна песна и порака која е прифатлива за секој човек за секоја личност за секоја генерација, ваше е само да ја слушнете песната и да се насмеете. Соработката со целиот тим кој беше дел од овој проект беше прекрасна и на сите сум им благодарана од срце.Наскоро ќе има и нови проекти но најпрвин убаво да ја претставиме Само насмевни се на пошироката публика.

Би можело да ве интересира:

Тамара Волческа конечно го покажа момчето?! Тамара Волческа во последно време сè почесто е во центарот на вниманието на јавн...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна - „Адреналин“ има преку 75... Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јо...

Најчитани неделава