Шлолските другри се споија и направија музичка уметност: Слаткар и Некст Тајм ја објавија „Океани” (видео)

Се познаваат повеќе од 30 години, ги делеле школските клупи, заедно пораснаа на улиците во Ново Лисиче и после толку време решија да влезат во студио и да создадат музичко ремек-дело, кое по се изгледа ќе остане запишано во аналите на македонската музичка историја.

shlolskite-drugri-se-spoija-i-napravija-muzichka-umetnost-slatkar-i-nekst-tajm-ja-objavija-okeani-video-01.jpg

Марко Маринковиќ или познат како Слаткар и близнаците од дуото Некст Тајм вчера во точно 18:00 часот ја објавија нивната прва музичка соработка со наслов „Океани”.

За помалку од 20 часа песната е една од најслушаните во овој момент во нашата држава според статистиката на музичката платформа Јутјуб. 

Позади овој проект стојат многу луѓе, но најзаслужните за ова да звучи така како што звучи се Слаткар и Лазар Цветкоски кои се потпишуваат како автори на музиката, текстот е дело на Стефан, Лазар и Слаткар, а аранжманот пак е заслуга на Лазар.

„Песната ја работевме година ипол, две. Излезе една фина и емотивна песна. Со близнаците се познаваме цели 31, 32 години и дури сега се споивме. Дури сега најдовме начин како да ги споиме нашите музики. Чудно е, тешко се спојуваат ама успеавме сите заедно и нормално со Лаки кој е мајстор” - изјави познатиот рапер Слаткар.

Ниту момците од Некст Тајм не го криеја задоволството од крајниот резултат.

„Мислиме дека создадовме одлично музичко дело, песна што веруваме дека ќе остане. Тоа е за нас најважно, да имаме што да оставиме на генерациите кои доаѓаат” - куси беа познатите муичари.

За „Океани” се сними и видеоспот кој го режираше токму Мартин од Некст Тајм, додека Кристијан Теодоров беше задолжен за камерата. Спотот е снимен на неколку локации, а главни актери се тројцата другари од Ново Лисиче…

Погледнете и уживајте во ова ремек-дело…

Би можело да ве интересира:

Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна - „Адреналин“ има преку 75... Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јо...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...
„Поради несреќата во Кочани и во чест на Сара Пројковска не сакав да ја објавам“ - Мими Јовановска з... Пеколни ноќи и очи без сјај, тоа ли заслужив. Пред мене да глумиш, а други да љу...

Најчитани неделава