Слаткар и Тони Зен ја освојуваат сцената со „Жими сè“ – нов хит што ќе го слушаме со месеци

Македонските рап легенди Слаткар и Тони Зен повторно ја разбудија музичката сцена со нивниот најнов проект – песната „Жими сè“, која во придружба со визуелно впечатлив видеозапис, навести дека овој тандем нема намера да застане.

slatkar-i-toni-zen-ja-osvojuvaat-scenata-so-zhimi-se-nov-hit-shto-kje-go-slushame-so-meseci-01.JPG

По успехот на „Милион лета“, ова ново издание е свежа потврда на нивната креативност и хемија, кои успеваат да ги допрат сите генерации. 

Текстот на „Жими сè“ носи препознатливи искрени пораки, со доза хумор, реалност и урбана филозофија, потпишан од самите Слаткар и Тони Зен. Музичката позадина, пак, е мајсторско дело на Илија Цветковски – Ики, кој создаде динамична и современа продукција што ќе ве натера да ја слушате песната повторно и повторно.

„Жими сè“ е само дел од тоа што следува на нивниот голем заеднички концерт, кој ќе се одржи на 5 април во Скопје. Настанот се очекува да биде музичка експлозија, исполнета со нивните најголеми хитови, како и неколку изненадувања за фановите. Огромниот интерес за концертот уште еднаш потврдува дека оваа музичка соработка е едно од најсилните нешта на македонската сцена во последните години.

slatkar-i-toni-zen-ja-osvojuvaat-scenata-so-zhimi-se-nov-hit-shto-kje-go-slushame-so-meseci02.JPG

По повеќе од 18 години од револуцијата што ја започнаа на македонската хип-хоп сцена, Тони Зен и Слаткаристика се подготвени повторно да ја запалат публиката. Но, овој пат, сцената нема да биде само нивна – на оваа историска вечер ќе им се придружат и бројни специјални гости, создавајќи вистински музички спектакл.

Картите се веќе пуштени во продажба, а истите може да ги најдете преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2 и ЈК травел во Бисер.

Линк за карти - ТУКА

 

Би можело да ве интересира:

Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна - „Адреналин“ има преку 75... Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јо...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Јован Јованов со прва соло песна по 17 години - „Не ти стои“ како најава за големиот концерт во Скоп... „Не ти стои“ е името на новата песна на Јован Јованов, негов прв соло сингл по 1...

Најчитани неделава