Антониа Гиговска го промовираше спотот за песната „Аман“ - Бели веѓи, кадри во пустина и на плажа во Египет
За спотот Антониа смени неколку аутфити, снимаше на неколку локации во Египет, а го смени и имиџот - овој пат е со долга (скоро) бела коса и бели веѓи.
Антониа Гиговска денес (04.05) го промовираше спотот за песната „Аман“, а кој го снимаше во Египет.
Видеото е снимено на неколку локации во Египет, вклучувајќи и пустина и традиционален египетски пазар, но и на плажа.
За спотот таа смени неколку аутфити, но го смени и имиџот, па овој пат е со долга (скоро) бела коса и бели веѓи.
Музиката и текстот за песната ги направи Роберт Билбилов.
Спотот за „Аман“ го режираше Даниел Јовески, а за имиџот на Антониа се погрижи нејзиниот долгогодишен соработник, Даниел Николовски.
Песната „Аман“ е втората песна од албумот на кој работи во моментов, а кој ќе се вика „Жена“.
Погледнете го видеото за новата песна на Антониа:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





