„Илузија“ – новата песна на ДААН што го истражува светот на емоциите, заблудите и потрагата по вистината

Македонскиот музички артист, текстописец и продуцент Дарко Андонов – ДААН повторно го насочува вниманието кон себе со својата нова песна „Илузија“ – темна, искрена и емотивна музичка исповед што зборува за внатрешните конфликти, болката од загубата и копнежот по нешто што можеби никогаш не постоело.

iluzija-novata-pesna-na-daan-shto-go-istrazhuva-svetot-na-emociite-zabludite-i-potragata-po-vistinata-1.JPG

Песната „Илузија“ не е само уште една музичка бројка во неговото богато портфолио – таа претставува звукот на тишината, на неизговорените мисли и чувства кои сè уште одекнуваат во човековата душа. Темата ја допира границата меѓу стварноста и имагинацијата – љубовта што станува замаглена, болката што се претвора во внатрешен монолог, и прашањата кои не добиваат одговор.

iluzija-novata-pesna-na-daan-shto-go-istrazhuva-svetot-na-emociite-zabludite-i-potragata-po-vistinata-2.JPG

„Во моите мисли конфузни / Милион души заробени...“ – вака започнува песната, а со секој следен стих, слушателот се нурнува сè подлабоко во личната приказна што секој може да ја препознае како своја.

Текстот и музиката се оригинално дело на ДААН, а за професионалниот аранжман, микс и мастеринг се погрижи Кире Јакимов, долгогодишен соработник и истакнат музички уметник. Песната е целосно создадена во студиото DAAN MUSIC PRODUCTION, а видеото – кое придонесува за визуелно заокружување на приказната – исто така е во продукција на Дарко Андонов.

iluzija-novata-pesna-na-daan-shto-go-istrazhuva-svetot-na-emociite-zabludite-i-potragata-po-vistinata-3.JPG

Во видеото кои беше објавено на 05ти Мај за „Илузија“ доминираат апстрактни и симболични сцени кои ги претставуваат чувствата на осаменост, преиспитување и нереализирани емоции. Секој кадар е внимателно избран за да ја засили пораката на песната – дека понекогаш најголемата битка ја водиме со самите себе.

Дарко Андонов – ДААН  е активен на музичката сцена веќе над 20 години, со над 30 издадени песни како автор и повеќе од 15 песни како артист. Познат по својот препознатлив стил, комбинација од емотивна длабочина, модерна продукција и искрен пристап, тој успева да создаде песни кои оставаат трага.

iluzija-novata-pesna-na-daan-shto-go-istrazhuva-svetot-na-emociite-zabludite-i-potragata-po-vistinata-4.JPG

„Илузија“ е повеќе од песна – тоа е состојба на умот. Таа е наменета за сите оние кои некогаш се чувствувале изгубено, несфатено или самотно. Секој стих, секој тон носи тежина, но и убавина.“

iluzija-novata-pesna-na-daan-shto-go-istrazhuva-svetot-na-emociite-zabludite-i-potragata-po-vistinata-5.JPG

ДААН открива дека песната е само вовед во нешто поголемо – нов албум, кој е во подготовка, и ќе вклучува и неколку нови нумери, меѓу кои и уште една песна со видеоспот што ќе биде објавена наскоро. Исто така, се работи и на дует соработка, која ќе биде претставена во наредниот период.

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна - „Адреналин“ има преку 75... Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јо...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...

Најчитани неделава