Каролина Гочева има нова песна по една и пол година: „Беше љубов на прво слушање“
„’Mог живота дио’ беше љубов на прво слушање. Снимена пред повеќе од една година, спотот нешто брзо потоа. Би била среќна доколку оваа песна ве допре и вас на истиот начин на кој ме допре мене“ - вели Каролина.
Поп-ѕвездата Каролина Гочева синоќа (07.05) го промовираше спотот за песната „Мог живота дио“.
Ова е нејзина прва песна со скоро една и пол година, откако во декември 2023 ја издаде „Дај на сунце“.
Каролина вели дека се заљубила во песната уште кога ја слушнала првпат.
„’Mог живота дио’ беше љубов на прво слушање. Снимена пред повеќе од една година, спотот нешто брзо после тоа...
Би била среќна доколку оваа песна ве допре и вас на истиот начин на кој ме допре мене“ - напиша Каролина на Инстаграм веднаш по премиерата на видеото.
Автор на песната е Дино Мухаремовиќ, кој ги направи музиката и текстот, а кој е автор и на последниот сингл на Каролина, „Дај на сунце“.
Песната е снимена во Сараево, додека спотот, кој е дело на Миомир Милиќ, е сниман во Скопје.
Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





