Даниел Данн со две нови песни во „Хитмејкер“ - најава за ново EP во јуни

„Особено ми е драго што токму на оваа сцена, пред публика која знае да препознае добра енергија, ги претставив новите песни. Благодарен сум за секоја реакција и секоја поддршка,“ – изјави Данн по настапот.

daniel-dann-so-dve-novi-pesni-vo-hitmejker-najava-za-novo-ep-vo-juni-01.jpg

Изминатиов викенд на телевизиските екрани се врати култното музичко шоу „Хитмејкер“, во ново руво и со освежен концепт, продолжувајќи ја својата мисија да ги поддржи македонските музички изведувачи.

На промоцијата на првата епизода, поп пејачот Даниел Данн премиерно ги изведе своите две нови песни: „Ќе се шекнам“ и „Нон-стоп стрес“.

daniel-dann-so-dve-novi-pesni-vo-hitmejker-najava-za-novo-ep-vo-juni-02.jpg

Двете песни се резултат на соработка со продуцентот Александар Ристовски – Принц, и се во модерен поп-фанк стил.

Тие претставуваат најава за првото EP издание на Данн, кое ќе биде објавено во јуни 2025.

daniel-dann-so-dve-novi-pesni-vo-hitmejker-najava-za-novo-ep-vo-juni-03.jpg

„Особено ми е драго што токму на оваа сцена, пред публика која знае да препознае добра енергија, ги претставив новите песни. Благодарен сум за секоја реакција и секоја поддршка,“ – изјави Данн по настапот.

Иако официјалната дигитална дистрибуција ќе започне во јуни, промоцијата на песните веќе започна преку радиостаници ширум земјата, каде публиката ќе има можност да ги слушне уште пред нивното официјално објавување.

Погледнете го видеото:

Би можело да ве интересира:

„Седатив“ носи нова енергија: Марија Спасовска со деби албум и силна музичка порака (видео) Денеска, пред присуство на медиуми, соработници и гости, младата пејачка  М...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
„Поради несреќата во Кочани и во чест на Сара Пројковска не сакав да ја објавам“ - Мими Јовановска з... Пеколни ноќи и очи без сјај, тоа ли заслужив. Пред мене да глумиш, а други да љу...
Драгана Јовановска ја објави „Лага“ — нова песна со модерен звук и моќен тим зад себе (видео) Македонската музичка сцена периодов не запира — нови проекти, свежи песни и моде...
Тамара Волческа не брои до 3 – ново, смело и најзрело издание на нашата пејачка По период во кој постојано е во центарот на вниманието на јавноста, Тамара Волче...
Ана и Алексеј од Битола ја преработија безвременската „Немир“ од Каролина и Тоше (видео) Младите талентирани музичари Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски од Битола, кои ја...

Најчитани неделава