Тон емоции: Словенечкиот претставник пееше за сопругата која го победи ракот - ја изнесе на сцената и ја бакна (видео)
Иако претставникот на Словенија не се пласираше во финалето, тој ја приреди најемотивната сцена на Евровизија 2025. „Нашиот син лазеше низ дневната соба, ти ја прочита дијагнозата, пишуваше дека наскоро ќе умреш..“, пееше тој за својата сопруга.
Вчера (13.05) се одржа првата полуфинална вечер на Евровизја 2025 и иако Словенија не успеа да се пласира во финалето, настапот на претставникот на оваа земја учесничка беше еден од најемотивните.
Клемен, кој е водител, комичар и музичар, буквално емотивно се соголи на сцената и никого не остави рамнодушен.
Тој ја отпеа песната „How Much Time Do We Have Left“ посветена на неговата сопруга, која се соочила со дијагнозата рак во 2016 година.
Дел од стиховите на песната гласат:
„Нашиот син лазеше низ дневната соба, ти ја прочита дијагнозата, пишуваше дека наскоро ќе умреш.
Беше сончев ден, низ прозорецот луѓето одеа по својот пат. Нашето малечко дете имаше најголема насмевка, а ние не можевме ништо друго освен да плачеме...“
И текстот и музиката се негово дело, а тој ја споделува сета своја љубов, страв и грижа што неговото семејство ги почувствувало поради дијагнозата што ја добила неговата сопруга, актерката Мојца Фатур на почетокот од 2016 година.
Таа дознала дека боледува од редок облик на рак - миелодиспластичен синдром, но по години тешка и исцрпувачка борба, успеала да ја победи болеста.
Миелодиспластичен синдром (МДС) е група на болести на коскената срцевина при кои се нарушува нормалното создавање на крвни клетки.
Станува збор за хематолошко заболување, односно болест на крвта и коскената срцевина и може да се смета како форма на предлеукемија.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





