Mayya - ново име на македонската музичка сцена
Во македонскиот музички етер викендов беше промовирана првата песна на mayya, новото име на домашната музичка сцена.

Mayya (22) е студент по соло пеење. Нејзин главен фокус е оперското пеење, но изминативе три години повремено настапува и во локали низ Скопје.
Својот пробив на естрадната сцена го започна со песна испеана на македонски јазик, а со англиски наслов, Simple Rule.

Песната е работена под продуцентската палка на Paragon Record Label, а музиката и текстот се на mayya и нејзините соработници од продукцијата.
„Идејата е да донесеме нешто ново на македонската сцена, нешто што не е препознатливо за публиката.
Песната е направена во летен ритам и диско вајб, што е многу различно од уникатноста на жанрот во кој пеам со години, а тоа е оперското пеење.
Ова е моја прва авторска песна и денот кога беше промовирана е најрадосниот ден од мојот живот - конечно сонот стана реалност. А од песната не задоволна - туку презадоволна сум“, вели таа.
