Модус бенд со нов ексклузивен видео спот „Џабе бараш утеха“
Македонскиот бенд Модус ја претставува својата најнова музичка приказна – песната „Џабе бараш утеха“.

Видеото е снимено на Сончев брег, во амбиент кој совршено ја доловува емоцијата на песната.
Со свеж звук, силен текст и препознатлива енергија, Модус уште еднаш покажуваат дека се меѓу најслушаните и најбараните состави на нашата музичка сцена.
Mузиката е дело на бендот, а аранжманот е направен во соработка со Славко Ристески. Текстот го напиша Огнен Неделковски, а за видеото се погрижи Виктор Апостолоски.
Во целиот проект вклучени беа и пратечкиот вокал Софија Стојановска, како и Мартина Станчева, која одлично се носеше со улогата на артист во видео спотот.
Погледнете го новиот спот и уживајте во летната вибрација што го носи!