Промовирана македонската песна за Јуниор Евросонг 2025 - Нела (13) од Скопје ќе ја пее Miracle

Нела Манческа од Скопје е нашиот годинашен претставник на Јуниор Евросонг, кој ќе се одржи на 13 декември во Тбилиси, Грузија.

promovirana-makedonskata-pesna-za-junior-evrosong-2025-nela-13-od-skopje-kje-pee-miracle-01.jpg

Дека Нела ќе ја претставува нашата земја на ова музичко натпреварување, МРТ најави во јуни, а денеска беше промовирано и официјалното видео за песната што ќе ја пее - Miracle.

Песната e дело на Лазар Цветкоски кој ја направи музиката, додека текстот го напиша неговата сестра Магдалена Ена Цветкоска.

Miracle има силна и инспиративна порака - дека сите носиме светлина во себе.

Годинашниот избор на Јуниор Евросонг е 23-ти по ред, а се одржува под мотото „Обединети со музиката“ (United by Music).

Овој пат на сцената ќе се појават претставници на 18 земји.

promovirana-makedonskata-pesna-za-junior-evrosong-2025-nela-13-od-skopje-kje-pee-miracle-02.jpg

Погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна - „Адреналин“ има преку 75... Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јо...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...
„Поради несреќата во Кочани и во чест на Сара Пројковска не сакав да ја објавам“ - Мими Јовановска з... Пеколни ноќи и очи без сјај, тоа ли заслужив. Пред мене да глумиш, а други да љу...

Најчитани неделава