По турбулентни периоди, Теа Трајковска претставува соло проект инспириран од лични моменти (видео)

По еден од најтурбулентни и најтешки периоди за неа, популарната поп‑пејачка Теа Трајковска го објави новиот сингл со наслов:  „Не ми троши време“.

po-turbulentni-periodi-tea-trajkovska-pretstavuva-solo-proekt-inspiriran-od-lichni-momenti-video-01.JPG

Станува збор за ново музичко поглавје кое ја истакнува нејзината самостојност како артист, бидејќи “Не ми троши време” е проект, по претходните одлични и успешни соработки со Taско и DNK.

Музиката и аранжманот како и секогаш се дело на Лазар Цветкоски, додека пак текстот го потпишуваат Теа и Tаско.

po-turbulentni-periodi-tea-trajkovska-pretstavuva-solo-proekt-inspiriran-od-lichni-momenti-video-02.JPG

Видеспотот овојпат е нешто доста поинакво од она што сме го гледале од Теа. Тоа прикажува интересна љубовна приказна во која покрај неа, главна улога има и актерот Петар Стојанов. Инаку режисер на оваа видеоприказна е Никола Наумовски.

„Не ми троши време” е инспирирана од моментите кога поставуваме граници и си го враќаме својот мир. Темата е директна и искрена, базирана на моја свежа лична приказна. Пораката е дека треба да знаеме што заслужуваме и да не се задоволуваме со помалку. Идејата зад видеото е да прикажеме ситуација во која секој барем еднаш се има најдено.“ - вели младата пејачка.

po-turbulentni-periodi-tea-trajkovska-pretstavuva-solo-proekt-inspiriran-od-lichni-momenti-video-03.JPG

За соработката со Трајковска и нејзиниот тим неколку реченици кажа и актерот Петар Стојанов…

„Теа ја запознав пред неколку години преку колешка од театар. Не се познаваме многу, но доволно за веднаш да ја прифатам понудата да играм во спотот. Кога ја слушнав песната, почувствував дека ќе биде хит. Снимањето помина со леснотија и навистина уживавме во процесот. Благодарам на Теа и целата екипа за довербата” - кусо изјави Стојанов.

po-turbulentni-periodi-tea-trajkovska-pretstavuva-solo-proekt-inspiriran-od-lichni-momenti-video-04.JPG

„Не ми троши време“ е достапна на сите музички платформи, а видеоспотот може да се погледне на официјалниот YouTube канал на Теа Трајковска.

Уживајте:

Би можело да ве интересира:

Теа Трајковска повторно емотивна во својата музика - „22“ е нова песна на пејачката Со новата песна „22“, Теа Трајковска ни отвора еден искрен и топол простор, мест...
Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
Легато бенд со нова емотивна балада - „Со тебе засекогаш“ веќе станува химна на вљубените  Љубовта, искрените емоции и животните ветувања добија своја музичка приказна во ...
Тамара Волческа не брои до 3 – ново, смело и најзрело издание на нашата пејачка По период во кој постојано е во центарот на вниманието на јавноста, Тамара Волче...
Пајак конечно со прв студиски албум: „2000 и некоја“ носи дуети со Тајзи, Јован и Елвир, Тони Зен и ... Албумот носи природна динамика, од енергични, модерни песни до поинтимни и повле...

Најчитани неделава