Стихови кои ежат – Слушнете ја песната посветена на Фросина Кулакова од Александар Митевски и Огнен Неделковски

„Еден миг и луда постапка, Боже каква судбина...“ – се дел од стиховите кои ќе ве наежат, во баладата „Фросина“ која Огнен Неделковски ја напишал во еден здив една доцна ноќ, а Митевски ја изведува, како подарок за семејството на Фросина Кулакова.

stihovi-koi-ezhat-pesna-posvetena-na-frosina-kulakova-od-aleksandar-mitevski-i-ognen-nedelkovski-01.jpg

Фросина Кулакова е 22-годишната модна дизајнерка, чиј живот прерано згасна во трагична несреќа во Скопје, кога млад возач ја удри со автомобил и на место ја усмрти, а целиот народ се крена на нозе за правда.

Таа никогаш нема да биде заборавена, а по повод една година од нејзиното вечно заминување, денес е објавена песната „Фросина“, посветена токму на неа.

stihovi-koi-ezhat-pesna-posvetena-na-frosina-kulakova-od-aleksandar-mitevski-i-ognen-nedelkovski-02.jpg

Текстот го напишал Огнен Неделковски во еден здив, а музиката и изведбата се дело на Александар Митевски.

Песната не повикува на одмазда, туку на будење на општествената свест, што е и целта на Фондацијата „Фросина Кулакова“.

Оваа балада е подарок за семејството на Фросина, а со сигурност ќе ве допре длабоко и ќе ве наежи.

stihovi-koi-ezhat-pesna-posvetena-na-frosina-kulakova-od-aleksandar-mitevski-i-ognen-nedelkovski-03.jpg

„Еден миг и луда постапка, Боже каква судбина... Мора сè да направиме, деца од зло да избавиме“ – гласат дел од стиховите со кои се повикува на поголема свест.

„Слушнете ја “ФРОСИНА”,  балада во спомен на Фросина Кулакова чија младост згасна на денешен ден 29 јануари минатата година

Песната е емотивен подарок од авторите Александар Митевски и Огнен Неделковски за семејството Кулакови и Фондацијата “Фросина Кулакова”.

Напишана и родена во една доцна ноќ и во еден здив како демо снимка со текстот на Огнен и музиката и гласот на Александар 

“Фросина” нека биде спомен, парче светлина, капка утеха, поука за нацијата и лек за душата 

Да ја споделиме пораката, емоцијата и поддршката во пресрет на вечерашната донаторска вечер на Фодацијата “Фросина Кулакова” во 19:00 часот“ - стои во објавата. 

Слушнете ја песната:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна - „Адреналин“ има преку 75... Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јо...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
„Поради несреќата во Кочани и во чест на Сара Пројковска не сакав да ја објавам“ - Мими Јовановска з... Пеколни ноќи и очи без сјај, тоа ли заслужив. Пред мене да глумиш, а други да љу...

Најчитани неделава