Полина Тас ја објави новата песна „Феномен“ - почеток на ново музичко поглавје

Македонската пејачка  Полина Тас ја претставува својата нова авторска песна „Феномен“, проследена со впечатлив и визуелно силен видео запис. Со овој проект, таа започнува ново музичко поглавје во кое автентичноста, емоцијата и личната слобода се во центарот на нејзиниот израз.

polina-tas-ja-objavi-novata-pesna-fenomen-pochetok-na-novo-muzichko-poglavje-01.jpg

„Феномен“ е современа поп композиција со модерен звук, која носи порака за индивидуалност, различност и храброст да се биде свој. Песната зборува за личност која не се вклопува во шаблони, туку токму во тоа ја наоѓа својата сила“, вели Полина

Видео записот за песната е снимен на неколку локации, со симболични и минималистички елементи каде ја прикажува уметницата во различни состојби - од ранливост до самодоверба.

polina-tas-ja-objavi-novata-pesna-fenomen-pochetok-na-novo-muzichko-poglavje-03.jpg

Преку динамични сцени и внимателно избрана естетика, видеото ја пренесува пораката дека вистинската слобода доаѓа кога ќе ги надминеме сопствените ограничувања.

Со ова издание, Полина Тас продолжува да го гради својот препознатлив музички и визуелен идентитет, најавувајќи серија нови песни и видео записи кои ќе ја откриваат нејзината уметничка визија.

Феномен“ е дел од истоимениот музички проект на Полина, кој ќе биде објавен постепено во текот на годината.

polina-tas-ja-objavi-novata-pesna-fenomen-pochetok-na-novo-muzichko-poglavje-02.jpg

Во овој музички проект учествуваат; Иван Костадинов-Панда како продуцент и автор на песната, зад видео записот се потпишува Владислав Гавриловски, уметникот Бојан Ковски кој воедно е и главниот машки лик во спотот.

Модните уникатни креации се на Мите Занов, а зад целата идеа на видеото стои креаторот Андреј Папаз.

Видео записот за „Феномен“ е достапен на YouTube и сите дигитални платформи.

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Дупер ја отвораат летната сезоната со нова песна Бендот ДУПЕР ја објави својата најнова песна „Некажано“ која има потенцијален да...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна - „Адреналин“ има преку 75... Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јо...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...

Најчитани неделава