Музичко изненадување на годината: 2Bona и Лозано со „Минус и плус“ (видео)

Вистински музички шок се случи вчера на социјалните мрежи кога момците од 2Bona и Влатко Лозаноски - Лозано ја објавија нивната прва заедничка песна со наслов „Минус и плус“.

muzichko-iznenaduvanje-na-godinata-2bona-i-lozano-so-minus-i-plus-video-01.JPG

Нивниот музички проект, кој е големо изненадување за публиката, веќе започна да ниже бројки, пофални зборови и воодушевување на социјалните мрежи.

„На македонската музичка сцена недостасуваше нов, свеж и несекојдневен музички проект“, „Каква спојка, браво момци“, „Спојкава може цел албум да направи заедно“ – се само дел од коментарите.

muzichko-iznenaduvanje-na-godinata-2bona-i-lozano-so-minus-i-plus-video-02.JPG

Инаку, музиката, текстот и аранжманот се заедничко дело на Лазар Цветковски, Магдалена Ена Цветковска и 2Bona, што резултира со современ звук и препознатлива енергија.

Зад видеото стои режисерот Стефан Димитриески- Steadyflow кој со креативен пристап и модерен визуелен јазик ја доловува приказната на песната.

Факт е декс овој проект претставува интересен музички спој кој ги руши жанровските граници и носи нешто ново на домашната сцена.

muzichko-iznenaduvanje-na-godinata-2bona-i-lozano-so-minus-i-plus-video-03.JPG

„Минус и плус“ е доказ дека различностите можат да создадат вистинска магија кога ќе се спојат на вистински начин.

За соработката и првичните реакции, за медиумите проговорија и самите артисти.

„Искрено, презадоволен сум – го погодивме vibe-от што го сакавме. Реакциите се топ и тоа ни е најбитно. Се покажа дека трудот се исплатеше. Драго ми е што луѓето го препознаваат тоа“, вели Тони.

muzichko-iznenaduvanje-na-godinata-2bona-i-lozano-so-minus-i-plus-video-04.JPG

„Долго време сакавме да направиме песна со Влатко и неколку пати го дискутиравме тоа со Лазар во студио. Знаевме точно што сакаме и какви ќе бидат реакциите“, ни изјави Кун.

„Одлични се реакциите и тоа навистина ме радува. Се надевам дека нашата соработка ќе продолжи и во иднина ќе слушнете уште нова музика од нас“, беше коментарот на Лозано.

А сега – погледнете, слушнете и уживајте во ова музичко ремек-дело…

Би можело да ве интересира:

Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
Блаже и Стевче ќе ве освежат со летен, музички „Коктел“ полн копнеж за љубов - „Помисли на мене“ По неполни четири месеци од нивната преррходна песна, нововозобновеното македонс...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
Антониа Гиговска призна дека е „Специјалиста” за кршење на машки срца: Слушнете ја нејзината нова пе... Обично кога е лето и време за одмори, на нашата музичка сцена многу ретко или ре...

Најчитани неделава