Тамара Грујеска со нова песна - „Срце знае сè“

После блескавите настапи на Junior Eurovision и San Remo Junior,и многуте освоени фестивали и престижни награди Тамара Грујеска започнува ново музичко поглавје со моќната балада „Срце знае сè“.

tamara-grujeska-so-nova-pesna-srce-znae-se-01.JPG

Песната е создадена за Тамара од двајца докажани музички имиња,пејачката Андријана Јаневска која е автор на песната во делот на музиката и аранжманот, и еден од најплодните македонски текстописци Огнен Неделковски кој  се потруди да создаде емотивен и квалитетен љубовен текст .

tamara-grujeska-so-nova-pesna-srce-znae-se-02tamara-grujeska-so-nova-pesna-srce-znae-se-02.JPG

Видео записот е дело на General Film Studio и Дарио Јанковиќ и Ана Марија Јанковиќ како режисер.

За шминка и фризура се погрижи Ели Илијоска а Нино Стоилковски е моделот на Max Models кој беше дел од спотот.

tamara-grujeska-so-nova-pesna-srce-znae-se-03.JPG

Тамара зад себе има веќе 4 песни од реномирани автори како што се Имам сила,Кажи ми кажи ми кој со која настапи на детскиот Евросонг во Франција и Само насмевни се, но најави нови песни и настапи за оваа година како и многу бројни гостувања на интернационални музички фестивали каде што ќе ја претставува Македонија.

Би можело да ве интересира:

Тамара Волческа конечно го покажа момчето?! Тамара Волческа во последно време сè почесто е во центарот на вниманието на јавн...
Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Тамара Тодевска ја отвора новата ера со „Драма квин“, прв сингл од визуелниот албум „Кукла жива“ Тамара Тодевска е повторно во фокусот на македонската музичка сцена, овојпат со ...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна - „Адреналин“ има преку 75... Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јо...
„Поради несреќата во Кочани и во чест на Сара Пројковска не сакав да ја објавам“ - Мими Јовановска з... Пеколни ноќи и очи без сјај, тоа ли заслужив. Пред мене да глумиш, а други да љу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg