Македонецот Илија Балтовски стигна до полуфиналето на „Никогаш не е доцна“: „Ова прекрасно патување започна пред 9 месеци“

Илија Балтовски од Битола влезе во полуфиналето на музичкото шоу „Никогаш не е доцна“ („Nikad nije kasno“).
Тој со специфичната боја на гласот и неспорниот талент, се пласираше без проблем од круг во круг.

Илија пред полуфиналето во недела, вели:
„Прекрасното патување кое започна пред 9 месеци на 14.09.2025 година, полека се ближи кон крајот. На тоа патување поминав илјадници километри со мои драги луѓе, стекнав нови прекрасни пријателства, доживеав незамисливи искуства, а каде и да се појавев чувствував огромна поддршка од сите вас мои драги пријателки и пријатели. Ви благодарам од срце за тоа..
Во недела на 14.06.2026, после точно 9 месеци од првата емисија, ќе настапам во полуфиналната емисија, која е и претпоследна од оваа сезона на шоуто „Никад није касно“. Ќе биде како и секогаш забавно, интересно и неизвесно.

Во недела ако имате можност и желба, гледајте, забавувајте се и уживајте, па кој знае, можеби патувањето ќе продолжи и до самиот крај, до финалето.
Во видеото, накратко е запишан мојот пат до полуфиналето како едно убаво сеќавање...“
Гласањето е ТУКА...
Погледнете го видеото:
С. С. | Црнобело