Најголемите заблуди за метал музиката

Металот, како жанр во музиката постои повеќе од 40 години, со сите негови поджанрови. Но, со текот на времето се имаат појавено многу предрасуди поврзани со овој жанр поради кои се создадени разни митови за метал музиката. 

Mitovi-za-metal-muzikata

Ова се некои од нив:

Хеви метал

Многу луѓе веруваат дека металот е хеви метал, иако хеви металот е само еден од поджанровите на метал музиката. Бендовите како Крим, Лед Цепелин и Блек Сабат го отвориле патотот кон металот со создавање на уникатен звук. Но, додека овие групи можат да се наречат хеви метал, мнозинството на луѓе кои не слушаат метал музика, особено постарите лица и тинејџери, целата рок музика ја нарекуваат хеви метал, бидејќи не знаат ништо за разновидноста во жанрот.


Варваризам

Метал музичарите се необразовани, валкани луѓе. Ова е чест мит поврзан со фановите и музичарите на овој жанр. Повеќето луѓе ги гледаат текстовите и музиката како едноставни и глупави. Во реалноста, повеќето метал музичари се многу интелигентни, фокусирани луѓе кои се способни да напишат длабоки и значајни стихови, како и музика. На пример, блек метал бендот Bathory користат многу класична музика во своите дела.


Анти-религија

Во повеќето случаи металот не е анти-верски воопшто, но често е против христијанството или формите на христијанство.


Сексизам

Иако понекогаш се чини дека многу метал музичари, особено кон крајот на 80-те години, биле опседнати со секс и жени, се работело за имиџ. Како што денес можат да се донесат погрешни заклучоци за секој вид на музика, особено за рап и поп музиката, во чии спотови честопати можат да се видат голи жени. Многу бендови, особено блек, грајнд и дум метал бендовите избегнуваат теми поврзани со секс целосно.


Талент

Метал музичарите не знаат да свираат и не знаат да пеат. Вистината е дека металот и џезот се двата најтешки музички жанрови за свирење. Во метал музиката ретко се користат дигиталните помагала, матрици и сл. Што се однесува до вокалите, секој жанр има одреден стил на пеење, од опера до врисоци, за што е потребна посебна техника на пеење и дишење. 

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Песната Heavenly на Четкар од 2013 година доби ремикс и повторно го освојува светот (видео) Песната Heavenly, која нашиот џез-музичар Владимир Четкар ја сними во 2013 годин...
Лара Иванова најавува нова песна и поинаков визуелен имиџ кој носи свежа енергија Лара наскоро ќе ја промовира својата најнова песна со видео запис во модерен виз...
Кога музиката станува семејна приказна - Волческа ја посвети песната „Ведро е“ на својот внук Нова свежина и позитивна енергија на македонската музичка сцена донесе Тамара Во...
Даниел Данн ја почна годината со нов спот - „Ќе се шекнам“ промовиран на 1 јануари „Ќе се шекнам“ е новиот сингл на Daniel Dann, со кој артистот ја започнува новат...
Раскинаа диџеј Боно и Тами, па ја објавија заедничката песна „Бамба“ Македонската музичка сцена доби уште едно свежо летно издание. Борјан Илковски Б...
Моќен глас, магичен впечаток – слушнете ја најновата преработка на „I Put A Spell On You“ од Марија ... Запознајте ја Марија Димковска од Куманово, млада инспиративна девојка која со с...

Најчитани неделава