Моќен глас, магичен впечаток – слушнете ја најновата преработка на „I Put A Spell On You“ од Марија Димковска
Запознајте ја Марија Димковска од Куманово, млада инспиративна девојка која со својата најнова преработка носи моќна интерпретација што ја враќа магијата на класичниот звук.
Професионално, таа е дел од индустријата за настани и маркетинг, а има магистрирано односи со јавност на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Додека во кариерата ја водат идеите и посветеноста, музиката за неа претставува простор на слобода и изразување каде емоцијата зборува најгласно.
Инспирацијата ја црпи од безвременските музички имиња како Ета Џејмс, Арета Френклин, Ела Фицџералд и Шаде, чии интерпретации се одликуваат со длабочина и автентичност.
Најновиот музички проект, преработката на „I Put A Spell On You“ е резултат на заедничка енергија, креативна синергија и искрена соработка.
Во неговата реализација учествуваат Јован Цветковиќ, Ненад Крстевски и Иван Јовановски, талентирани музичари со кои ја споделува љубовта кон музиката.
Како вовед во нејзината приказна, слушнете ја и првата преработка на „I’d Rather Go Blind“, која го означува почетокот на нејзиното музичко претставување пред публиката.