Зошто „You are Beautiful“ на Џејмс Блант не е песна за на венчавки?!
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Референт 23-08-2019


Зошто „You are Beautiful“ на Џејмс Блант не е песна за на венчавки?!

Ја слушаме повеќе од една деценија, а не сме забележале. Песната не е воопшто романтична.

djejms-blant-otkriva-zoshto-you-are-beautiful-ne-e-pesna-za-na-venchavki-1.jpg

Нема кој барем еднаш не го преслушал хитот „You're Beautiful“ од 2004-та година. Од моментот кога беше објавена, па сè до денес, песната  е и неизбежна музичка тема на многу свадбени церемонии ширум светот.

Сепак, иако излезе пред цели 13 години, се чини дека повеќето слушатели не ги разбрале баш најдобро стиховите. Изведувачот на „You're Beautiful", Џејмс Блант, има порака за нив: таа не e романтична песна.

djejms-blant-otkriva-zoshto-you-are-beautiful-ne-e-pesna-za-na-venchavki-2.jpg

Често се наоѓа на пописот на најпопуларни песни за прв свадбен танц, меѓу кои се и: „Thinking Out Loud“ на Ед Ширан, „At Last" од Ета Џејмс, односно „All of Me" во изведба на Џон Леџенд, но песната „You're Beautiful“ всушност е лош избор за овој романтичен момент.

- Сите ме нарекуваат романтичар. Не, јас не сум тоа. Ниту „You're Beautiful не е нежна романтична песна. Се работи за издрогиран лик кој прогонува туѓа девојка во подземната железница, додека нејзиното момче е таму, пред него. Тој тип би требало да биде во затвор, затоа што е перверзен манијак. – изјави Џејмс Блант во интервјуто за The Huffington Post.

djejms-blant-otkriva-zoshto-you-are-beautiful-ne-e-pesna-za-na-venchavki-3.jpg

Пејачот откри и дека песната му досадила со тек на времето, бидејќи се има презаситено од нејзиното изведување. Но, поради обожавателите, тој и понатаму ја исполнува на концертите.

Неговата песна која не опишува вистинска љубов помеѓу двајца вљубени, туку се воспева опасен демнач во подземната железница, многумина веднаш ја споредија со подеднакво морничавите песни, како што се „Every Breath You Take" на групата The Police, „Last Kiss" од Pearl Jam и „The One I Love" во изведба на групата REM.

Ќе го послушате ли советот на Џејмс?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ние сме 2“ - Новата песна на Дупер која со нетрпение ја очекувавме Откако ја објавија хит песната „Не сум твој тип“, сите со нетрпение ја очекуваат...
Зошто Селин Дион не сакала да ја отпее „My Heart Will Go On" - химната... Вториот најпродаван сингл на женски изведувач во историјата и осмиот најдобро пр...
Која деценија беше најдобра за поп-музиката? Секоја генерација си има своја омилена музичка деценија. Тоа може да биде децени...