Дали ви се верува дека „Bitter Sweet Symphony“ на бендот The Verve наполни 20 години?

Времето навистина лета, а секојдневните потсетници од типот дека вашата омилена песна наполни цели 20 години несомнено го поткрепуваат тој факт.

Bitter-Sweet-Symphony-napolni-20-godini-01.jpg

Станува збор за најголемиот хит на британскиот рок бенд The Verve, носечката песна на нивниот трет албум Urban Hymns издаден во 1997 година.

Bitter-Sweet-Symphony-napolni-20-godini-03.jpg

Песната која практично ги одбележи ’90-тите години и воедно носечката мелодија на еден од култните тинејџерски филмови „Сурови намери“ (Cruel Intentions) со Рајан Филип и Сара Мишел Гелар во главните улоги.

https://www.youtube.com/watch?v=ax-fO9OI7Ok

Кој би можел да го заборави спотот каде што фронтменот на The Verve, Ричард Ашкрофт чекори низ улиците не обѕирајќи се на хаосот околу него и оној кој дополнително го предизвикува.

Bitter-Sweet-Symphony-napolni-20-godini-02.gif

Како настанал големиот хит?

Бендот побарал дозвола да употреби мало парче од околу 5 ноти од инструменталната верзија  на еден од помалку познатите хитови на групата Rolling Stones, песната „The Last Time“.

Иако The Verve добиле одобрување, откако „Bitter Sweet Symphony“ станала огромен хит започнуваат нивните проблеми поврзани со планетарниот успех.

Имено, Ален Клајн, поранешниот менаџер на Rolling Stones ги имал сите авторски права на песните направени пред 1970 година, и тврдел дека The Verve го прекршиле договорот и употребиле многу поголем дел од оригиналната песна, наместо оној што бил предвиден во иницијалниот план.

Според The Verve ова не биле ништо повеќе од небулозни изјави и начин како поранешниот менаџер да заработи многу повеќе пари. Сепак се спогодиле надвор од судот доделувајќи му 100% авторски права на Клајн, бидејќи во тој момент одлуката им изгледала правилна, не сакајќи да заглават по судови и никогаш да не го здогледаат крајот на бескрајните парници.

За нештата да бидат уште полоши, подоцна биле тужени од страна на уште еден поранешен менаџер на Rolling Stones, Ендру Олдам, кој исто така тврдел дека има авторско право над употребениот семпл од оригиналната песна.

The Verve не само што не заработиле ништо од својот најголем хит, туку немале никаква контрола врз истиот. Откако компанијата Nike побарала песната да биде вклучена во една од нивните реклами, а бендот категорично одбил, тие ја откупиле дозволата од Ален Клајн.

„Последното нешто што го сакав на светот е една од моите песни да биде искористена во реклама“, одговорил фронтменот Ашкрофт. „Сé уште ми се лоши од помислата“.

„Bittersweet Symphony“ била номинирана за Греми награда во категоријата Најдобра песна, која всушност се доделува на авторите, но поради правата кои преку поранешниот менаџер му биле доделелени нему и на Rolling Stones, номинацијата гласела на име на Мик Џегер и Кит Ричардс.

Ова можеби е една од најголемите неправди во музичката историја, поради која Ашкрофт доживеал нервен слом, а групата подоцна се распадна.

На шега и со огромна доза на иронија, Ричард Ашкрофт изјави дека „Bittersweet Symphony“ е најдобрата песна што Џегер и Ричардс ја напишале во последните 20 години.

Како и да е, уживајте во една од најубавите мелодии на сите времиња:

https://www.youtube.com/watch?v=HgS0o2-ZYW4

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нова песна и спот на Дупер: „Кажи ми во лице“ Скопје, 05.01.2024 – Борис Какуринов и Илчо Нечовски очигледно го имаат тајниот ...
D’Reamers ја објавија нивната седма песна насловена „Мали нешта” Бендот D’Reamers ја промовираше нивната нова песна наречена „Мали нешта”. Таа е ...
Спотот на Ламбе Алабаковски за преработката на „Дејгиди луди млади години“ Ламбе Алабаковски оваа успешна музичка година ја заокружува со својата верз...
Промоција на нова песна и видео спот на Дарко Андонов ака ДААН (06.09.2023) Дарко Андонов ДААН ја промовира својата нова песна и спот, „Мојот с...
Слушнете ја новата песна на Dimish – млад талентиран скопјанец кој прави музика од својата соба (вид... Dimish е 21-годишен артист од Скопје кој сам, во својата соба прави, снима и про...
Сара Мејс во свежо, уникатно и впечатливо издание за новиот видео запис за песната „Очи Вселена“ Ултра модерен звук со диско ритам, заразна мелодија која тешко ќе ви излезе од г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg