Концерти во регионот на кои треба да присуствувате

Во следните месеци регионот ќе биде посетен од навистина квалитетни бендови. Почнувајќи од хеви-метал бенд Therion и генијалецот Roger Waters до незаменливите Scorpions… 

koncerti vo regionot na koi treba da prisustvuvate 2

Нема сомнение дека сите почитувачи на добар звук ќе ги одбројуваат деновите до почеток на самите концерти.   

THERION – 06.03.2018 – Дом Омладине, Белград

Шведскиот симфоник-готик метал бенд Therion ќе го промовираат нивниот најнов албум Beloved Antichrist. Настапот ќе биде во форма на метал опера со времетраење од три часа.

Како што соопштува бендот, ова ќе биде единствената турнеја со ваков вид на перформанс, кој никогаш нема да се повтори.

koncerti vo regionot na koi treba da prisustvuvate 3

ROGER WATERS – 04.05.2018 – Арена Армеец, Софија

Соосновачот на легендарните Pink Floyd и креативниот генијалец Roger Waters ќе одржи концерт во Арена Армеец во Софија.

Сите љубители на добра музика и вистински рок не треба да го пропуштат овој визуелен спектакл.

koncerti vo regionot na koi treba da prisustvuvate 1

SCORPIONS – 10.06.2018 – Арена Штар, Белград

Концертот на групата Scorpions, кој требаше да се одржи на 7 декември 2017, преместен е за 10 јуни 2018 година во Арена Штарк.

Една од најпознатите хеви-метал групи од Германија, која постои повеќе од 50 години и има продадено над 100 милиони албуми, на почеток на јуни ќе приреди вистински музички спектакл за сите љубители на рокенрол. Ова е дефинитивно концерт што не смее да се пропушти. 

koncerti vo regionot na koi treba da prisustvuvate 5

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јован Јованов со прва соло песна по 17 години - „Не ти стои“ како најава за големиот концерт во Скоп... „Не ти стои“ е името на новата песна на Јован Јованов, негов прв соло сингл по 1...
Пајак сними песна со Јован Јованов и Елвир Мекиќ - Нов летен хит, промовиран пред концертот на 6 јун... Македонската музичка сцена од денес е побогата за уште една нова, возбудлива, а ...
Полина Тас ја објави новата песна „Феномен“ - почеток на ново музичко поглавје Македонската пејачка  Полина Тас ја претставува својата нова авторска песна...
Визуелна магија и женска енергија: Александра Јанева го промовираше најновиот видео-запис за „Сестро... По серијата успешни музички проекти, Александра Јанева го претстави видеотo за с...
Кога музиката станува семејна приказна - Волческа ја посвети песната „Ведро е“ на својот внук Нова свежина и позитивна енергија на македонската музичка сцена донесе Тамара Во...
Со песната „Легендата“, Тони Зен го најави новиот албум „Уствари ќе излезат два албума на плоча, со две стихозбирки. Едниот албум е од 2...

Најчитани неделава