По неизвесноста, донесена одлуката во кој израелски град ќе се одржи Евровизија 2019

po-neizvesnosta-donesena-odlukata-vo-koj-izraelski-grad-kje-se-odrzi-evrovizija-2019-01.jpg

По победата на Израел на Евровизија 2018 не беше сигурно во кој град од оваа држава ќе се одржи музичкото натпреварување во 2019 година поради безбедносната ситуација.

Но, сега одлуката е донесена и Евровизија 2019 ќе се одржи во Тел Авив, поточно во салата „Expo Tel Aviv“ на 18-ти мај 2019 година.

po-neizvesnosta-donesena-odlukata-vo-koj-izraelski-grad-kje-se-odrzi-evrovizija-2019-02.jpg

Полуфиналните вечери ќе се одржат на 14-ти и 16-ти мај.

Неколку израелски градови беа во трката за избор каде ќе се одржува големото музичко натпреварување, но на крај одлуката на одговорните за настанот беше Тел Авив.

po-neizvesnosta-donesena-odlukata-vo-koj-izraelski-grad-kje-se-odrzi-evrovizija-2019-03.jpg

Станува збор за вториот најголем град во Израел со популација од повеќе од 400.000 жители. Евровизија ќе се одржува таму за првпат.

Инаку, во 1999 година Евровизија се одржа во Ерусалим, главниот град на Израел.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонскиот бенд BDM првпат ќе настапи на EXIT во Нови Сад „Ова е голема чест, но и успех, што ќе бидеме дел од артистите што ќе настапат н...
25 години по победата на „Макфест“, Јован Јованов со Пајак сними нова верзија на хитот „Магија“ Откако Јован Јованов и групата „Магија“ победија на Макфест 1998 со истоимената ...
D’Reamers ја објавија нивната седма песна насловена „Мали нешта” Бендот D’Reamers ја промовираше нивната нова песна наречена „Мали нешта”. Таа е ...
Провокативна, обвиена со змија и сцени кои оставаат без здив – Ивона Јо го промовираше спотот за пес... Да се чувствувате добро во своја кожа, да се прифатите сами себе, да се сакате, ...
„Послушајте патриоти“ во изведба на ДНК и Наум Петрески „Послушајте патриоти да ви кажам словото, на Ѓурѓовден бев затворен,&n...
Спотот на Ламбе Алабаковски за преработката на „Дејгиди луди млади години“ Ламбе Алабаковски оваа успешна музичка година ја заокружува со својата верз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg