Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ку-Де!? - културна детоксикација во Куманово

Оваа сабота, 27. октомври со почеток во 19.30 часот во Занаетчиски дом во Куманово ќе се одржи мултимедијалниот настан наречен Културна детоксикација (Ку-Де!?), кој претставува спој на визуелна уметност, танц и музика. Освен тоа ќе има и групната изложба на скулптура, објект, видео и инсталација, која ќе ги претстави делата на младите современи македонски визуелни уметници од локално и национално ниво.

ku de kulturna detoksikacija vo kumanovo 2

Истата е замислена како еден пресек и увид во современите тенденции во творештвото кај младите автори. Куратор на изложбата е Ана Јовановска, а уметници-учесници се: Кристина Божурска, Елита Аити, Наташа Неделкова, Амир Карахасан, Ана Ивановска, Маја Кировска, Зоран Шеќеров, Анастасија Пандиловска, Ангел Миов, Саша Дичковски, Стефан Јакимовски, Зорица Зафировска, Стефан Нешковиќ, Ана Јовановска и Стефан Анчевски.

Кумановскиот електро поп бенд  Ки, кој во моментот е еден од најперспективните бендови во Македонија ќе имаат промоција на нивниот прв студиски албум Град. Групата е составена од: Александар Краљевски (вокал/гитара), Милош Краљевски (тапани), Андреј Димковски (бас-гитара) и Стефан Илиевски (клавијатура). На крајот на декември Ки ја започнува балканската турнеја со петнаесеттина договорени настапи.

ku de kulturna detoksikacija vo kumanovo 1

Тука е и унгарската актерка и балерина Fruzsina Nagy, која ќе го изведе својот танцов перформанс време на настапот на Ки

Крајот на детоксикацијата ќе биде препуштен на диџеј Bukacha, Dado K b2b Mamli, DJarto и M.E.N.U, кој десеттина години живее во Амстердам и бележи успеси во европската диџеј-сцена.

Културна детоксикација (Ку-Де!?) е настан поддржан од Министерство за култура на Република Македонија - нов културен бран, од локалната самоуправа на град Куманово и WIN Music Freedom.

Би можело да ве интересира:

Стефан Спироски од Струга ја освои наградата „Најдобра поп песна“ на Охрид Фест Младиот Стефан Спироски од Струга веќе подолго време се занимава со музика од св...
Шлолските другри се споија и направија музичка уметност: Слаткар и Некст Тајм ја објавија „Океани” (... Се познаваат повеќе од 30 години, ги делеле школските клупи, заедно пораснаа на ...
Антониа Гиговска инспирирана од вистински животни приказни: Слушнете ја моќната „Жена” (видео) Бура од позитивни коментари после одличното претставување на младата музичка ѕве...
Музика која зборува за вашиот бренд – интервју со креаторите на персонализираната радио услуга за би... „Нашата услуга функционира многу едноставно, но ефикасно. Секој клиент доби...
Колумбиец ја пее „Јовано Јованке“ во Канада: „Македонската музика го освои моето срце на начин што н... Колумбиецот Јанко Пенафорт е толку фасциниран од нашата музика, што го научил ма...
Песна за разделба, нова прекрасна балада на Владо Калембер Може ли разделба да биде достоинствена, без навреди, обвинувања и лоша мисла? Ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg