Солзи, емоции, невидена хемија: Хит изведбата на „Shallow“ на Бредли Купер и Лејди Гага во Вегас

Неверојатната хемија на хит настапот во Лас Вегас направи дел од фановите да навиваат за љубовна врска помеѓу Лејди Гага и Бредли Купер.

solzi-emocii-nevidena-hemija-hit-izvedbata-na-shallow-na-bredli-kuper-i-lejdi-gaga-01.jpg

Лејди Гага одржа шоу во Лас Вегас на кое на изненадување на публиката во еден миг се појави Бредли Купер на сцената. Ко-ѕвездите од филмот „A Star is Born“ заедно го отпеаја дуетот „Shallow“.

На сцената имаше солзи, емоции и невидена енергија, а публиката беше во транс.

Видеото од настапот стана вирален хит, а во коментари фановите навиваат за заедничка музичка турнеја за пејачката и актерот, а некои одат дотаму што проценуваат дека тие би биле совршен пар и во реалноста.

solzi-emocii-nevidena-hemija-hit-izvedbata-na-shallow-na-bredli-kuper-i-lejdi-gaga-02.jpg

Песната е номинирана за Оскар, Гага за најдобра актерка, Купер за најдобар актер, а филмот за најдобар филм. Купер очигледно направи вистински погодок со првото режисерско деби.

Прочитајте и Имал брак од 4 месеци, секаде ја носи мајка си: 18 факти за Бредли Купер!

Видео од настапот:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
Легато бенд со нова емотивна балада - „Со тебе засекогаш“ веќе станува химна на вљубените  Љубовта, искрените емоции и животните ветувања добија своја музичка приказна во ...
„Коктел“ од емоции и страст со урбан шмек за срцебиење сто на час во – „Каде ти, таму јас“ Многумина ги паметат како дуо „Коктел“ кои во почетокот на 90-тите во ...
Пајак сними песна со Јован Јованов и Елвир Мекиќ - Нов летен хит, промовиран пред концертот на 6 јун... Македонската музичка сцена од денес е побогата за уште една нова, возбудлива, а ...
Ареа и Young Dadi со нова верзија на хитот „Oчи ангелски“ - 25 години подоцна Песната „Очи ангелски“, безвременската нумера на Ареа, добива нов живот и нова д...
Елвир Мекиќ и Маја Саздановска со изненадување за публиката - Хитот „Опасно“ по 18 години конечно до... Цели 18 години откако беше промовирана, песната „Опасно“ на Елвир Мекиќ и Маја С...

Најчитани неделава