„Не можев да зборувам за абортусот, па затоа напишав песна“

Музичката ѕвезда Аманда Палмер е позната по тоа што во својата 20-годишна кариера секогаш отворено зборува за проблемите и никогаш ништо не цензурира.

ne-mozhev-da-zboruvam-za-abortusot-pa-zatoa-napishav-pesna-01.jpg

Во својот последен албум „There Will Be No Intermission“ таа пее за спонтаните абортуси, ракот, тагата и моментите за мајчинството за кои никој не ја предупредил.

Песната „A Voicemail For Jill“ зборува за девојката која оди на закажаниот термин за абортус и се вознемирува од она што го гледа по пат, но и наоѓа одреден мир.

За магазинот „Refinery29“ Палмер објаснува дека искреноста секогаш е тешка, комплексна и деликатна. Со абортусите таа се соочила уште од тинејџерските години и сфатила дека за тоа е тешко да се зборува отворено.

Оние кои го искусиле се многу чувствителни на оваа тема, а постојат и тие кои постојано сакаат да солат памет. Пејачката не знаела како поинаку да постапи, освен тоа да го преточи во она што најдобро го знае - музиката.

ne-mozhev-da-zboruvam-za-abortusot-pa-zatoa-napishav-pesna-02.jpg

Понесена и од мајчинските чувства (пред неколку години доби син), почнала да го гледа светот многу покритички и сфатила дека се случуваат многу неправди, особено во поглед на човечките права и на политичката сцена.

Таа на жените сакала да им ги пренесе чувствата кога се будиш наутро и знаеш дека тој ден имаш закажан абортус, а на патот кон клиниката постојано гледаш родители со бебиња, продавници за бебешка облека, па се премислуваш, размислуваш за оние кои не можат да имаат деца, сакаш да го задржиш, но знаеш дека не е можно...

Она што не го очекувала се позитивните реакции за песната, особено од жени кои ги криеле своите абортуси со децении и се срамеле од своите одлуки. Очекува и дека по ова, многу повеќе жени ќе се охрабрат да зборуваат за искуствата и дека веќе абортусот нема да биде табу-тема.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Спотот на Ламбе Алабаковски за преработката на „Дејгиди луди млади години“ Ламбе Алабаковски оваа успешна музичка година ја заокружува со својата верз...
Врчак издаде нова песна со ДНК, по пауза од 15 години - Слушнете ја „Посреќна“ (видео) „Дами и господа, по пауза од 15 години, повторно со вас. Слободно кажете им на с...
Сара Мејс во свежо, уникатно и впечатливо издание за новиот видео запис за песната „Очи Вселена“ Ултра модерен звук со диско ритам, заразна мелодија која тешко ќе ви излезе од г...
Наташа Миха со нова песна - Слушнете ја „Инферно“ После година дена од објавувањето на нејзиниот албум „10 Љубови“, Наташа Миха се...
Преработки на македонски песни кои будат носталгија - Кои хитови добија модерни верзии? Тамара ја препеа „Шила“ од Маја Оџаклиевска, Каролина испеа своја верзија на пес...
Слушнете ја новата песна на Dimish – млад талентиран скопјанец кој прави музика од својата соба (вид... Dimish е 21-годишен артист од Скопје кој сам, во својата соба прави, снима и про...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg