Интервју Replay: Секој настап каде луѓето реагираат позитивно на нашата музика за нас e успешен, следен голем настап UNDERFEST Скопје

Бендот Replay активно свири веќе 4 години и бендот е составен од гитара,  вокал и саксофон. Имаат неколку авторски песни со примеси на фанк, поп, рок и повеќе „кавери“.

intervju-replay-sekoj-nastap-kade-lugjeto-reagiraat-pozitivno-na-nasata-muzika-sleden-golem-nastap-underfest-skopje-001.jpg

Reply ќе свират на UNDERFEST Скопје во недела на 07 април, 2019-та година.

Од кога постои Риплеј Од колку членови е составен бендот?

Бендот Риплеј е во состав од два члена, Никола ( гитарист и вокал)  и  Столе ( саксофонист ), постои цели 5 години поточно од 2013 година . Во зависност од потребата, често пати бендот настапува со проширен состав , вкучувајќи  женски вокал  , бас гитара и тапани.

Кој музички правец најдобро ве опишува ?

Воглавно , Бендот Риплеј  свири повеќе жанрови на музика, меѓутоа  дефинитивно најдобро не опишува , нас како бенд , ПОП- РОК музиката.

Дали планирате издавање на албум?

Во моментов , работиме кон издавање на првиот албум. Досега извадивме 3 ( три ) Авторски песни , четвртата е во тек . За да  го извадиме првиот наш албум , планираме  да издадеме 8 нови авторски песни.

Од сите ваши настапи, кој настап ви останал во сеќавање како најуспешен настап?

Секој настап каде луѓето реагираат  позитивно на нашата музика, за нас е успешен настап. Досега, сме настапувале на повеќе поголеми организирани настапи од општини, градови и секој таков организиран настап бил проследен со успех.

Во контекст на ова, би го издвоиле настапот  на МАКФЕСТ организиран од страна на град Штип во 2017 година, за него би кажале одличен настап со дружба на повеќе колеги, а пред се и одлична публика.

Во април ќе настапите на фестивалот UNDERFEST?

Да , секако, ќе ни претставува задоволство.

Дали сметате дека треба има повеќе фестивали каде ќе настапуваат само македонски настапувачи?

Секогаш имаме мислење дека најмногу поддршка треба да се даде на македонски изведувачи, а со тоа ќе доведе до поголемо негување на македонска музика.Затоа , според нас, македонските настапувачи би требало повеќе да доминираат на фестивалите организирани кај нас.

Би можело да ве интересира:

„Поради несреќата во Кочани и во чест на Сара Пројковска не сакав да ја објавам“ - Мими Јовановска з... Пеколни ноќи и очи без сјај, тоа ли заслужив. Пред мене да глумиш, а други да љу...
Нокаут и Брејк со илјада дилеми за „кризата на средните години“ што го мачат сиот машки свет во „Ден... Во пресрет на нивниот голем славенички солистички концерт во арената Јане Сандан...
Пајак конечно со прв студиски албум: „2000 и некоја“ носи дуети со Тајзи, Јован и Елвир, Тони Зен и ... Албумот носи природна динамика, од енергични, модерни песни до поинтимни и повле...
Јован Јованов со прва соло песна по 17 години - „Не ти стои“ како најава за големиот концерт во Скоп... „Не ти стои“ е името на новата песна на Јован Јованов, негов прв соло сингл по 1...
„Седатив“ носи нова енергија: Марија Спасовска со деби албум и силна музичка порака (видео) Денеска, пред присуство на медиуми, соработници и гости, младата пејачка  М...
Колку љубов заслужува љубовта? Сара Мејс и Стефан Николовски во дуел со стереотипите во нов видео за... Доколку сте мислеле дека не постои, Сара Мејс храбро го претставува најновиот ду...

Најчитани неделава