Интервју MINSTREL’S GALLERY: Ќе настапиме и на Андерфест во Скопје, добро е да се види нешто ново

Minstrel’s Gallery е македонски бенд, оформен во март 2013. Нивната музика е комбинација од разни влијанија, како хеви рок, џез фузија, психоделија, европски фолк, експериментална музика и тн, а на кратко ја дефинираат како прогресивен арт рок.

intervju-minstrel-s-gallery-ke-nastapime-i-na-underfest-vo-skopje-dobro-e-da-se-vidi-nesto-novo-001.jpg

Бендот Minstrel’s Gallery е составен од Виктор Танасковски – гитара, мандола, вокал; Слободан Танасковски – флејта, клавијатури, вокал; Даме Јовановски – бас гитара, придружен вокал; Кристијан Тодоров – тапани.

Ќе имате прилика да го видите на фестивалот АНФЕРФЕСТ во недела, на 07 април, 2019 година. Влезот за сите посетители е бесплатен!

1. Интересно име, што поточно значи?

Во средновековна Европа, минстрел претставува дворски пејач и музичар. Зборот minstrel во англискиот јазик доаѓа од латинскиот minister, односно, службеник од понизок ранг. Минстрелите, со придружба од разни музички инструменти, претежно пееле песни со епска содржина (за разлика од трубадурите, коишто пеат лирски, љубовни песни). Во средновековните дворци, во главната хала, постоел еден мал балкон кадешто за време на гозба седеле минстрелите и со музика и песни ги забавувале гостите. Овој балкон се нарекувал minstrel's hall, или поинаку, minstrel's gallery. Во нашиот состав, земајќи ги предвид ликовните елементи, како и влијанието од средновековната музика, Minstrel’s Gallery добива свое ново значење.

2. Кој најмногу влијаел врз вашата музика, кои артисти ве инспирираат?

Секој од нас има свои влијанија, кои не се секогаш само музички, и иако до некаде се поклопуваме, вкупната листа би броела стотици имиња од разни сфери. Повеќе би рекол дека ни влијае сѐ што гледаме и слушаме, било на позитивен или негативен начин.

3. Колку долго се познавате и како се запознавте?

Како група постоиме од 2013 година, а се познаваме од претходно, делумно од град, делумно од соработување во други музички проекти, делумно од пред раѓање.

4. Каде сте настапувале досега и дали можете да издвоите некој настап што ви оставил посебен впечаток?

Кај нас, освен во Скопје, имаме свирено во Куманово, Штип, Кочани, а надвор од границите за сега Германија и Шпанија. За ова лето во план ни е да настапиме во повеќе градови низ Македонија, а ќе се обидеме да договориме и по некој концерт надвор.

Што се однесува до настап од кој сме најзадоволни, би ги издвоил промоцијата на вториот албум минатиот февруари, како и фестивалот Синестетика (мај 2018).

5. Ќе настапите на фестивалот Андерфест, како дојде до тоа и што мислите за овој тип на фестивал кој е целосно посветен на изведувачи од Македонија?

Минатава есен организиравме настан „Акустичен доручек“, каде што свиревме ние заедно со Pluto’s Doubts и Zulu 3.4. Потоа ни пишаа од Андерфест дека биле на доручекот и им се допаднал (не само храната, туку и настанот како концепт), па така договоривме да настапиме и на Андерфест. За почит е што некој се потрудил да организира таков настан, бидејќи мислам дека во Скопје, иако има доволно фестивали во текот на годината, програмата е често многу ограничена и се вртат секогаш исти имиња. Добро е да се види нешто ново.

Би можело да ве интересира:

Сара Мејс во свежо, уникатно и впечатливо издание за новиот видео запис за песната „Очи Вселена“ Ултра модерен звук со диско ритам, заразна мелодија која тешко ќе ви излезе од г...
Песни кои „полнат“ 20 години во 2024-та – Која ви беше омилена? Заразната Gasolina која или ја мразевте или многу ја сакавте, но и Toxic на Брит...
Лена - нов музички артист на нашата сцена Нашата земја е преполна со музички таленти и ни е навистина драго што имаме квал...
Артист, музичар, инфлуенсер - Кој е Кристи Петров? Christy Petrov (Кристи Петров) е младо момче со талент за музика. Се занимава со...
Наташа Миха со нова песна - Слушнете ја „Инферно“ После година дена од објавувањето на нејзиниот албум „10 Љубови“, Наташа Миха се...
D’Reamers ја објавија нивната седма песна насловена „Мали нешта” Бендот D’Reamers ја промовираше нивната нова песна наречена „Мали нешта”. Таа е ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg