Периодот на музички фестивали започна - Ќе посетите ли некој ова лето?


Периодот на музички фестивали започна - Ќе посетите ли некој ова лето?

Сите велат дека во пресрет ни доаѓа најинтересниот период од годината. Летото, со своите можности за секој од нас има посебно значење. 

periodot na muzicki festivali zapocna ke posetite li nekoj od ovaa godina 6

А, оние кои сакат да уживаат во добра музика, да пијат пиво, да се валкаат во кал и да кампуваат, имаат посебна привилегија да уживаат на некој од бројните фестивали што се одржуваат во Европа и светот.

Во продолжение следува листа на музички фестивали кои сигурно ќе ви ги исполнат вашите очекувања:

Rock am Ring & Rock im Park

7-9 јуни 2019; Мендиг & Нирнберг

Изведувачи: Tool, Die Ärzte, Slipknot, Marteria & Casper, Dropkick Murphys, Sabaton, Foals, Die Antwoord…

Ако сте човек што сака рок и метал, тогаш овие два фестивала се вистински погодок за вас.

periodot na muzicki festivali zapocna ke posetite li nekoj od ovaa godina 5

Roskilde

29 јуни – 7 јули; Роскилде, Данска

Изведувачи: Travis Scott, Robyn, Christine and the Queens, Brockhampton, Jungle, Scarlet Pleasure, Jon Hopkins, The Cure…

На луѓето од Данска им стана традиција секое лето да го посетуваат овој фестивал, кој за нив е повеќе од музика и забава. Велат дека најлудите моменти од годината се случуваат токму тука.

periodot na muzicki festivali zapocna ke posetite li nekoj od ovaa godina 2

Super Bock Super Rock

18-20 јули, Лисабон Португалија

Изведувачи: Lana Del Rey, The 1975, Metronomy, Kaytranada, FKJ, Superorganism

Да се посети еден од најпопуларните градови во последните години и истовремено да се присуствува на музички фестивал е комбинација што не смее да се пропушти.

Доволно е помислата дека од една страна се наоѓа Атлантскиот Океан, а од друга ги гледате вашите омилени изведувачи за да добиете уште поголема мотивација.

periodot na muzicki festivali zapocna ke posetite li nekoj od ovaa godina 3

Sziget Festival

7-13 август; Будимпешта, Унгарија

Изведувачи: Twenty One Pilots, Martin Garrix, The 1975, Catfish and the Bottlemen, Jungle, Ed Sheeran, Foo Fighters, Florence + the Machine…

Со години и години наназад овој фестивал стана еден од омилените на луѓето од светот. Освен што ќе имате можност во живо да ги проследите вашите омилени музичари, ќе имате можност и да уживате во Будимпешта преплавена со насмеани и млади лица.

periodot na muzicki festivali zapocna ke posetite li nekoj od ovaa godina 4

Автор: Х. Е. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

По 6 години неуспешни обиди: Тамара ја однесе Македонија во финале на ... Тамара Тодевска нè направи горди... Со маестралниот настап на евровизиската сцен...
Како песните стануваат популарни во светот и покрај лошите текстови? Велат дека кичот постои откога постои и уметноста. Некои сметаат дека кичот е де...
Топ 12 најдобри музички спотови за 2018 Музичките видеа уште можат да бидат најмоќен начин за артистите да ни го претста...