Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Запознајте се подобро со бендовите: Disease, RIB & Fiction

Броиме ситно до почетокот на единствената фестивалска авантура во Македонија – Д Фестивал. Како и секоја година и оваа, програмата на фестивалот е богата со странски и домашни артисти. 

zapoznajte se podobro so bendovite disease rib fiction 4

Покрај големиот број на музички ѕвезди како Noisia, Ofenbach, Mahmut Orhan, Hindi Zahra, Tom Novy, Akua Naru, Napalm Death, Кирил Џајковски, Влатко Стефановски, Суперхикс, Страјк, Vojko V, ќе имаме можност да слушнеме уште еден куп квалитетни бендови од домашната музичка сцена.

Во продолжение следува листа на бендови кои треба да ги слушнете Д-Фиеста, ако до сега не сте го сториле тоа:

Disease е d-beat raw punk трио од Скопје, формирано во 2012 година. Зад себе имаат над 15 изданија на винил, касета и ЦД формат.

Дел од нив се самостојни, а дел сплит изданија со бендови од Шведска, Бразил, Германија, Грција. Бендот досега има остварено четири европски турнеи, а последната турнеја, насловена како „Distort Fucking World“ траела три месеци со над 70 настапи во повеќе од 25 земји.

zapoznajte se podobro so bendovite disease rib fiction 1


Триото RIB суверено владее со post punk/new wave просторот и е составено од Јане Трајковски (гитара), Ивица Димитријевиќ (гитара и бас) и Џано Куч (тапани).

Бендот кој веќе си го најде сопственото место на музичката сцена неодамна го објавија својот трет, истоимен албум во соработка со британскиот продуцент Бен „Фаз“ Фарестведт, кој беше одлично пречекан и од публиката, и од критичарите.

Српскиот магазин Before After ги смести на листа на 10 најдобри албуми за јануари и ги класифицираше како музички скапоцени камења со кои ја опсипува македонската музичка сцена. RIB зад себе ги имаат и албумите „Something Completely Different“ (2015) и „Bliss“ (2017).

zapoznajte se podobro so bendovite disease rib fiction 2

Бендот Fiction своите почетоци ги бележи во јуни 2016 година, а во средина на 2017 година започнуваат со создавање на авторска музика.

Бендот е составен од Петар Ѓуревски (вокал), Виктор Захариев (гитара, придружен вокал) и Филип Андонов (гитара, придружен вокал), а во меѓувреме им се приклучува и Теодор Теодосиевски (тапани).

Иако жанровски се класифицираат како рок бенд, сепак имаат влијание од повеќе музички правци: хард рок, гранџ, џез и блуз, хип-хоп и електронска музика. Во 2018 година го освојуваат првото место на „Лузер Фест“.

Досега имаат издадено 2 песни, „После дождот“ (2017) и „Некој друг“ (2018), а во меѓувреме го снимаат нивниот прв студиски албум, кој наскоро ќе излезе во издание на „Пасворд Продукција“.

zapoznajte se podobro so bendovite disease rib fiction 3

Автор: Е. Х. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Несудена“ на Деан Коцевски е вистинско освежување на македонската сцена - рок балада која освојува ... Деан Коцевски е ново лице на македонската музичка сцена кој и тоа како има што д...
Шлолските другри се споија и направија музичка уметност: Слаткар и Некст Тајм ја објавија „Океани” (... Се познаваат повеќе од 30 години, ги делеле школските клупи, заедно пораснаа на ...
„Илузија“ – новата песна на ДААН што го истражува светот на емоциите, заблудите и потрагата по висти... Македонскиот музички артист, текстописец и продуцент Дарко Андонов – ДААН п...
„Пекол и рај“ е новата љубовна песна од Огнен Здравковски „Нешто ново од мене, сработено со многу љубов и посебна енергија. Слушнете ја пе...
Екс-ју песни кои полнат 40 години во 2025-та (и ќе ви разбудат носталгија) Можете ли да поверувате дека „Bolje biti pijan nego star“ од Плави оркестар свој...
Нов сингл и видео: „Ван Гог“ ја претстави песната „Луд и сам“ Ѓуле: „И не ми е жал што летаат годините, кога сѐ уште истата глад за живот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg