Низ евергрините на најголемиот чаирски романтичар - Владо Јаневски

Еден од посилните адути на македонскиот народ е музикалноста. Факт кој не може да се заобиколи, но прашањето е: колкумина од музичките творци сигурно, силно и стабилно чекорат кон својата цел?

Niz-evergrinite-na-najgolemiot-chairski-romantichar-Vlado-Janevski 01 630x340.jpg

Еден од македонските симболи чии дела зборуваат за него и за истрајноста која владее преку неговите нумери е легендарниот Владо Јаневски.

Човекот кој нижеjќи хит по хит со своите стихови спои, но и утеши безброј скршени срца. Еден од ретките пејачи за кој се вели дека живее исклучиво од и за музиката.

Веќе долги години ја носи титулата „скопски мангуп“, а за себе вели дека е вљубен во љубовта и таа е негова вечна муза.

Владо Јаневски е роден на 27 ноември, 1960 година во Скопје, во населбата Чаир, каде што живее и денес и за која всушност ја напиша и отпеа неповторливата „Чаирска романтика“.

Својата музичка кариера ја започнува во 1979 година во групата „Тост сендвич“. Од 1986 до 1989 година настапува со групата „Бон Тон’’, а потоа и со групата ,,Фотомодел’’.

Откако го напушта бендот „Ластовица“ во 1992 година тој ја започнува својата блескава, самостојна кариера. 

Niz-evergrinite-na-najgolemiot-chairski-romantichar-Vlado-Janevski 02 630x300.jpg

Во 1998 година ја претставува Македонија на натпреварот за избор на песна на Евровизија со песната „Не зори зоро“, чиј текст самиот тој го напишал додека зад музиката стои Григор Копров.

Покрај вонсерискиот талент за пеење и компонирање, Владо јаневски свири клавир, гитара и тапани.

Завршил Филолошки факултет, на отсекот за англиски јазик и литература. Зборува неколку јазици и тоа: англиски, германски, италијански и руски.

Друга огромна страст покрај музиката за него претставува скијањето за кое вели дека чувствува љубов која со текот на времето станува сé посилна. Токму оваа фасцинација ја преточил во песната „Мавровска белина“.

Niz-evergrinite-na-najgolemiot-chairski-romantichar-Vlado-Janevski 03 630x340.jpg

Иако неколкупати ја паузираше неговата кариера, секогаш се враќаше со нов хит со кој заслужно го докажуваше својот музички трон и своето место како миленик на публиката.

Оваа македонска авангарда може нескромно да се пофали со позадина од 6 студиски албуми со огромни хитови, безброј настапи и концерти со преполни сали полни со импресии и воздишки.

Niz-evergrinite-na-najgolemiot-chairski-romantichar-Vlado-Janevski 04 630x340.jpg

Неговите ремек дела израснаа многу генерации, беа лек за многумина души разочарани од љубовта, но исто така во нив се пронаоѓаа и оние среќно заљубени гулабчиња кои овие песни ги креваа во небесата.

Секој негов стих тежи милион емоции, буди спомени за едно место и време врежани.

Niz-evergrinite-na-najgolemiot-chairski-romantichar-Vlado-Janevski 05 630x340.jpg

Едно е сигурно, тие уште долго ќе се протегаат низ нашите сеќавања и ќе создаваат нови мемории за идните генерации.

Владо Јаневски неодамна препеа една од своите песни на хрватски јазик и потпиша договор со Croatia Records. Станува збор за песната „Otkad si njegova“.

Niz-evergrinite-na-najgolemiot-chairski-romantichar-Vlado-Janevski 06 630x340.jpg

Во продолжение да се потсетиме на неколку од неговите евергрини:

„Нусе, нусе“

„И тогаш некоја будала“

„Напрај место“

„Ова е само наше Скопје“

„Црно тиквешко“

„Чаирска романтика“

„Евергрин“

„Што и да е ќе помине“

„10 девојки“

https://www.youtube.com/watch?v=2LvgWDw9rug

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Промоција за нова песна и видео спот на Славчо Крежески – Одведи ме дома Славчо Крежески е музичар и музички ентузијаст роден во Струга, но подолг период...
Сара Мејс во свежо, уникатно и впечатливо издание за новиот видео запис за песната „Очи Вселена“ Ултра модерен звук со диско ритам, заразна мелодија која тешко ќе ви излезе од г...
Наташа Миха со нова песна - Слушнете ја „Инферно“ После година дена од објавувањето на нејзиниот албум „10 Љубови“, Наташа Миха се...
Првата песна на Тамара Волческа на македонски јазик - „Место од спомени“ На 12.07.2023 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата прв...
Преработки на македонски песни кои будат носталгија - Кои хитови добија модерни верзии? Тамара ја препеа „Шила“ од Маја Оџаклиевска, Каролина испеа своја верзија на пес...
Слушнете ја новата песна на Dimish – млад талентиран скопјанец кој прави музика од својата соба (вид... Dimish е 21-годишен артист од Скопје кој сам, во својата соба прави, снима и про...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg